Иницијативен одбор составен од клубови во првата и Втората македонска фудбалска лига, фудбалери, поранешни репрезентативци, судии, тренери и фудбалски работници, денеска на прес-конференција побараа од државните институции и ФФМ да го усогласи Статутот на Федерацијата со законот за спорт и да им овозможи на клубовите со свои преставници да учествуваат во работата на Собранието на ФФМ.
На иницијативата се потпишани повеќе клубови од првата и двете втори лиги, кои бараат во најитен рок ФФМ да го промени статутот и Собранието на федерацијата да го сочинуваат 51% од преставниците на клубовите, кои во иднина ќе одлучуваат за фудбалот во нашава земја.