Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос, претрпе повреда на левата нога, и засега се уште е нејасно колку време ќе биде надвор од терените. „Медицинската екипа на тимот дијагностицира повреда на стапалото на левата нога. Можно е повредата да се усложни при нови оптоварувања”, велат од Реал. Според првичните прогнози, Рамос може да биде отсутен околу 15 дена. Речиси сигурно, дефанзивецот нема да игра на следниот натпревар против Леганес во Ла Лига. За разлика од Рамос, на овој меч треба да се вратат Виничиус и Карвахал.
Author: saso
Манчестер Јунајтед може да си обезбеди пласман во ТОП 3 во Премиер Лигата ако освои 15 бода на преостанатите шест натпревари, изјави менаџерот на “црвените ѓаволи”, Солскјер. Јунајтед моментално е шести со 61 бод, додека Челзи има 66 бода, а по него се и Тотенхем 64 и Арсенал со 63 бода. Третото место гарантира учеството во групната фаза од Лигата на шампиони следната сезона. „Потребно ни е што е можно повеќе бодови и сметам дека ако успееме да освоиме 15 поени на преостанатите 6 меча ќе бидеме меѓу првите три. Сега сме фокусирани исклучиво на Вест Хем”, изјави норвешкиот стратег.
Кошаркарите на Блокотехна и Работнички се првите патници во полуфиналето на Купот на Македонија чија завршница од денеска е во Гевгелија. Домашниот тим Блокотехна, кој е актуелен освојувач на БИБЛ лигата, во првото четврфинале го декласираше Охрид со 115-68 и со тоа обезбеди место во полуфиналето, каде за противник го чека подобриот од дуелот меѓу Гостивар и Фени И. Во вториот полуфинален меч сосема очекувано шампионот Работнички немаше тешка задача против Куманово. Момците на Марин Докузовски славеа со 104-80 и со тоа го потврдија местото во утрешното полуфинале. Таму за противник го очекуваат подобриот од дуелот меѓу МЗТ Скопје А.…
Некогашниот македонски репрезентативец и голгетер, Филип Ивановски по една полусезона мината во дресот на Беласица, се врати во Финска. Откако во минатата година играше за РОПС, сега е претставен како ново засилување на новиот прволигаш КПВ (Коколан Пало-Веикот). И официјалната интернет страница ја потврди веста дека Ивановски е веќе договорен со овој тим, и се очекува веќе денеска да се приклучи на својот нов тим. Ивановски потпиша договор до крајот на годинава.
Напаѓачот на екипата на Рома, Патрик Шик, наводно веќе има преговори со првите луѓе на германскиот бундеслигаш Борусија (Д) и следната сезона треба да се пресели во Германија. Раководството на Борусија одамна го следи чешкиот голгетер и ќе се обиде да го добие ова лето. Шик е дел од Рома од 2017 година, откако дојде во тимот од екипата на Сампдорија. Во тековната сезона, 23-годишниот фудбалер одигра 29 натпревари во дресот на „волчицата“ и постигна 5 гола.
Ракометарите на Исланд секако дека останаа разочарани по поразот од Македонија на вчерашниот дуел во Рејкјавик. Исландскиот репрезентативец, Арнор Гунарсон по мечот, го посочи главниот проблем за домашната репрезентација: „Не реши пикерот од 140 килограми! Беше тешко да се чува кога ја има топката в раце. Едноставно не смеевме да дозволиме да примиме 34 гола дома. Одбраната беше добра на почетокот на натпреварот, се мачеа да поминат, но потоа ја сменија тактиката и ги најдоа дупките во дефанзивата. Тој и одбраната нè убија“, изјавил Гунарсон.
Синоќа беа одиграни последните средби од регуларниот дел од сеозната во НБА лигата. По нив, и официјално станаа познати двојките за плеј-оф натпреварите: Источна конференција: Милвоки Бакс – Детроит Пистонс Торонто Рапторс – Орландо Меџик Филаделфија 76 – Бруклин Нетс Бостон Селтикс – Индијана Пејсерс Западна конференција: Голден Стејт Вориорс – Лос Анџелес Клиперс Денвер Нагетс – Сан Антонио Спарс Портланд Треил Блејзерс – Оклахома Сити Тандер Хјустон Рокетс – Јута Џез
Напаѓачот на Атлетико (М), Диего Коста, најверојатно веќе ја зварши сезоната во Ла Лига. Како што тврдат дел од шпанските медиуми, голгетерот ќе добие суспензија од 8 меча поради навредите упатени кон главниот судија на средбата со барселона одиграна во 32. Коло, поради што доби и директен црвен картон. Зборовите на Коста, кои тој сам ги негираше, се уредно снимени на микрофонот кој го користи судијата, по што дисциплинската комисија нема да има тешка задача да ја констатира неговата вина. Се претпоставува дека Коста ќе добие жестока казна, но исто така и ќе биде продаден ова лето, затоа што и…
Македонската ракометна репрезентација го изненади Исланд и успеа да се радува на гостински терен во 3. коло од квалификациите за ЕП. Нашите ракометари одиграа еден одличен меч и на крајот најдоа начин како да дојдат до победата над „рибарите“. Капитенот Кире Лазаров, по средбата го прокоментира дуелот изјавувајќи дека сега на реваншот во Скопје в недела не очекува уште потежок меч. „Уште на првиот собир најавив дека треба да мислиме позитивно и да веруваме затоа што сме се враќале и по многу поголеми и поболни порази. Велам дека Македонија има иднина и квалитет, верувам во тоа, го знам тоа, го…
Фудбалерот од средниот ред на екипата на Ајакс, Френки де Јонг, ги сподели своите впечатоци од натпреварот со Јувентус во четвртфиналето на Лигата на шампионите. Мечот во Амстердам заврши со резултат 1:1 и остави шанси и за двата тима во реваншот да бараат место во полуфиналето. „Бевме вознемирени откако примивме гол непосредно пред паузата. Но, втората половина ја почнавме одлично и успеавме да израмниме. Игравме добро и штета што не успеавме да постигнеме уште еден гол. Ако играме на истиот начин како во Мадрид, смело, тогаш ќе имаме голема шанса за победа и пласман во следната рунда“, изјавил Де Јонг.
