Author: saso

КК Работнички денеска ангажираше уште едно ново засилување во тимот за завршниот дел од сезоната. Со тоа тимот од Градскиот Парк ги потврди намерите за одбрана на титулата, но и за освојување на Купот. Вчера Работнички потпиша договори со Американецот Ксавиер Џонсон (25 год, 201 см) и Србинот Стефан Младеновиќ (28 год, 188 см), за денеска од клубот да го објават и третото ново име, Дариус Вашингтон (33 год, 188 см), кој сезонава нема играно за ниту една екипа, а последен клуб за кој настапуваше во минатото првенство е грчкиот второлигаш Ираклис.

Read More

Викендов Скопје ќе биде домаќин на 51. традиционален Илинденски кајак слалом. Во организација на Кајакарската федерација на Македонија, а со подршка на АМС, и оваа година традицијата продолжува на патеката Матка. На годинешниот ИКАС ќе се појават 64 натпреварувачи од 10 земји кои ќе бидат поделени во 6 категории. Квалификациите се во сабота, а финалните трки в недела. „И оваа година ќе имаме натпреварувачи од 10 земји кои се во врвот на светскиот кајак. Оваа година имаме амбиции да атакуваме и на првото место. Нашиот натпреварувач Ангелче Петрушевски, кој до минатата година беше пионер, ова агодина како јуниор е член…

Read More

Иако се појавија информации дека за него сезоната е завршена, денеска од хрватската федерација соопштија дека Лука Циндриќ ќе паузира само две недели по новата повреда која ја доби во дресот на Келце. Првата ѕвезда на „коцкестите“ поради болки во пределот на бутниот мускул го откажал својот настапи за квалификацискиот двомеч со Србија, но ќе се врати на терените за две седмици.

Read More

Италијанските гиганти Јувентус, Интер и Милан ги кршат „копјата“ околу потписот на младата ѕвезда на второлигашот Бреша, Сандро Тонали. Фантастичните настапи на 18-годишниот фудбалер во Серија “Б” го привлекоа интересот на доста сериозни тимови од цела Европа, но најверојатно тој ќе претпочита да остане во својата родна Италија и да го засили некој од големите тимови на Апенините. Моментно со најголеми шанси да го добијат во своите редови се Јувентус, Интер и Милан, иако неофицијални информации велат дека Јуве е во значителна предност во преговорите.

Read More

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, ги процени шансите на Манчестер Сити да победат на сите четири турнири оваа сезона, истакнувајќи дека овој тим на Пеп Гвардиола има капацитет за такво остварување, и тој воопшто не се сомнева дека тоа е можно. „Ако погледнете однадвор, можете да помислите дека Сити може да ги освои сите четири трофеи. И јас мислам исто така. Тие изгледаат како најдобар тим во светот. Барселона, Јувентус и Сити се трите главни фаворити во Лигата на шампионите. Можеби изгледа дека од овој состав на Сити е стабилен, но тоа не значи и дека ќе бидат победници на…

Read More

Поранешниот тренер на Реал и Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо, може да ја продолжи кариерата во Серија А. Денешните информации на португалскиот печат велат дека агентот на Мурињо веќе имал два сериозни разговори со шефовите на Рома и Интер, два ривали од Серија А кои подеднакво се обидуваат да го убедат Моу да се пресели кај нив. Претходно, Мурињо рече дека е подготвен да се врати на работа следната сезона, но ја чека вистинската понуда. Тој веќе беше тренер на Интер во периодот од 2008 до 2010 и освои две шампионски титули, една во Купот на Италија, но ја освои и…

Read More

Тренерот на Реал (М), Зинедин Зидан и претседателот на клубот Флорентино Перез во никој случај не сакаат да го загубат францускиот дефанзивец Рафаел Варан. По најавите дека тој самиот побарал да си замине на лето, од управата почнале со преговори за нов договор, кој ќе биде со значително зголемена плата. 25-годишниот играч од централната дефанзивна линија ќе добие предлог за зголемување на платата на 9 милиони евра годинишно. Оваа сезона, Варан одигра 36 натпревари и постигна 2 гола. Според сегашниот договор со Реал тој заработува 6 милиони евра на годишно ниво.

Read More

Mакедонскиот каратист Емил Павлов освои бронзен медал на Европското првенство во Гвадалахара, Шпанија. Тој денеска во битката за третото место го совлада Романецот Богдан Гоголоши, и со тоа се закити со бронзениот медал од собирот на најдобрите европски каратисти. Инаку претходно Емил Павлов беше елиминиран во полуфиналето, откако беше оштетен од судиите во дуелот со Евгениј Плахутин.

Read More

Македонскиот ракометен шампион Вардар, вечерва од 19:30 часот во СЦ „Јане Сандански“ тргнува во одбрана на оние 9 гола разлика кои како позитива ги донесе од првиот меч во Загреб против хрватскиот шампион во битката за обезбедување место во четврфиналето на ЛШ. Вардар во првиот меч убедливо славеше над ППД Загреб на гостински терен со 27-18, па реваншот во Скопје треба да е само рутина. Тренерот Парондо најави дека и на овој меч ќе тргнат многу внимателно, а и гостинскиот тренер Тамше вели дека не се предава и ќе се обидат да го изненадат Вардар во Скопје. По подолго време…

Read More

Интересот за денешното големо кошаркарско дерби меѓу Гостивар и Работнички во Гостивар е огромен, па организаторите мораа да обезбедуваат и дополнителни места во салата за да соберат што е можно повеќе заинтересирани посетители. Од утрово се монтираат монтажни трибини во салата „Младост“ и се очекува на денешниот попладневен дуел од 17:30 часот да има најмалку 3000 гледачи на големото дерби. Во последното коло од регуларниот дел на сезоната, со победа, Работнички ќе ја обезбеди првата позиција на табелата, а Гостивар ќе се обиде да му нанесе прв пораз по серијата од 5 порази кои гостиварци ги имаат во меѓусебните пресметки…

Read More