Интересот за денешното големо кошаркарско дерби меѓу Гостивар и Работнички во Гостивар е огромен, па организаторите мораа да обезбедуваат и дополнителни места во салата за да соберат што е можно повеќе заинтересирани посетители. Од утрово се монтираат монтажни трибини во салата „Младост“ и се очекува на денешниот попладневен дуел од 17:30 часот да има најмалку 3000 гледачи на големото дерби.
Во последното коло од регуларниот дел на сезоната, со победа, Работнички ќе ја обезбеди првата позиција на табелата, а Гостивар ќе се обиде да му нанесе прв пораз по серијата од 5 порази кои гостиварци ги имаат во меѓусебните пресметки со великанот од „Градскиот Парк“.
фото: gostivarpress.mk