Author: saso

Македонската ракометна репрезентација оствари голема победа на гостувањето кај Исланд од 34:33 во 3. коло од квалификациите за ЕП. Во меч со драматичен финиш, Манасков реализираше на секунда пред крајот на мечот, откако претходно не успеа да реализира пенал. Исланѓаните имаа континуирана предност од 2-3 гола во најголемиот дел од првото полувреме, но ние успеавме да се вратиме со силен финиш, а Лазаров со гол во последната секунда ни донесе реми (17:17). Исланд го отвори второто полувреме со предност од еден гол и истата успеваше да ја одржи до средината, кога ние успеавме да го свртиме резултатот, па и да…

Read More

Македонија ЃП и Академија Пандев ќе играат во финалето на националниот фудбалски куп. Во возвратните средби од полуфиналето, и Македонија ЃП и Академија П. дојдоа до победа асо што го потврдија местото во финалниот меч. Во Ѓорче Петров, „лавовите“ славеа минимално со 1-0 против Беласица со автоголот на Џонов и со вкупно две идентични победи патуваат во финалето. По првиот триумф од 3-1, идентична победа и за Академија Пандев, но овој пат како гостин против Победа во Кавадарци.

Read More

Стефано Пиоли си поднесе оставка на позицијата тренер во екипата на Фиорентина. Од клубот потврдија дека тојс и замининува, а на негово место е веќе назначен како в.д. тренер, Џакомо Мурели кој досега беше негов асистент. Пиоли беше назначен за тренер на Фиорентина летото 2017 и ја предводеше до осмото место во Серија А минатата сезона. Се шпекулира дека екс-тренерот на Рома, Еузебио ди Франческо, наскоро ќе седне на клупата.

Read More

Капитенот на Борусија Дортмунд, Марко Ројс, им се извини на фановите на клубот за вчерашниот дебакл на гостувањето кај Баерн (М) во новото коло од Бундеслигата. Борусија претрпе вистинска бламажа по поразот од 5.0. Со овој пораз „милионерите“ заостануваат еден бод за д баерн кој сега е во пол-позиција за шампионскиот трофеј. “Од името на тимот би сакал да им се извинам на сите фанови кои не поддржуваа. Ова беше навистина лошо. Моравме да покажеме повеќе карактер, разочарувачки ден”, изјавил Ројс.

Read More

Данило Мијатовиќ е најкорисниот кошаркар во БИБЛ лигата за оваа сезона. Ветеранот во составот на Блокотехна е убедливо најдобриот поединец на тимот во досегашниот дел од сезоната, но, за жал, поради повреда не може да им помогне на соиграчите на завршниот турнир во Тирана. Мијатовиќ одигра 12 средби сезонава во БИБЛ на кои просечно реализираше 25,8 поени. Преставниците на БИБЛ лигата вчера му го предадоа трофејот на кошаркарот на гевгелискиот состав, кој денеска за трофејот ќе ги одмери силите со организаторот на Ф4-турнирот, албанска Теута.

Read More

Атлетико Мадрид за само две минути синоќа го загуби мечот на гостувањето кај Барселона, но покажа добар фудбал. Сепак, бодовите останаа за каталонците, а тренерот на тимот Диего Симеоне вели дека било исклучително тешко да се игра 60 минути со играч помалку по исклучувањето на Диего Коста. „Одигравме добро, посветено, се боревме. Не можам ништо да им забележам на фудбалерите. Не е лесно да се игра со десет на „Камп Ноу“. Не знам што му кажал Диего Коста на судијата, но ако тие зборови се вистина, тогаш заслужил црвен картон“, вели Симеоне. Иако шампионската титула е скоро решена, Симеоне вели…

Read More

Македонскиот фудбалси интернационалец Давид Бабунски го постигна вториот гол сезонава за својот клуб Омија Ардија. Утринава Бабунски стрелаше прецизни во 92. минута за победа на Омија од 2:0 на гостувањето кај Кагошима во 8. коло од јапонската Втора лига. Нашиот фудбалер влезе во 86. минута и шест минути подоцна прими топка во нападот, ја измами противничката одбрана и со убав и елегантен шут ја затресе мрежата на домаќините. Неговата Омија се искачи на седмото место на табелата. View this post on Instagram 3連勝はチームとして勝者のメンタリティが醸成されている良い兆候。我々はもっと多くを望んでいます。皆さん、応援ありがとうございます! @omiya.ardija #football #victory #goal A post shared by David Babunski (@davidbabunski) on Apr 7, 2019…

Read More

Според сите информации во англиските весници, Еден Азар ја игра последната сезона во дресот на Челзи. Најавите за негово заминување од Лондон се се почести, а и информациите кои кружат во медиумите блиски на клубот тоа го потврдуваат. Реал (М) е тимот кој е сериозно заинтересиран за Белгиецот и ќе направи се ова лето да го донесе на „бернабеу“. „Марка“ веќе објваи дека договорот меѓу Азар и Перез е завршена работа, само се чека официјална потврда на соработката и меѓу двата клуба. Реал веќе успеал да ги наговори лондончани да им го продадат фудбалерот кој влегува во последната година од…

Read More

Кошаркарите на Блокотехна обезбедија финале во регионалната БИБЛ лига, откако во првиот полуфинален меч на Ф4 турнирот во Тирана го совладаа тимот на Акаденик Бултекс со 79:74. Гевгеличани успеаја да ја поправат формата и да дојдат до посакуваното место во финалниот меч, каде за противник го чекаат победникот од вториот полуфинален меч меѓу Теута и екипата на Берое. Мијатовиќ и Главчев денеска не беа во ростерот на Блокотехна, но и без нив гевгелискиот тим покажа дека е подобар од бугарскиот состав. Најефикасен во победата на Блокотехна беше Младеновиќ со 22 поени. Одлична партија имаше и Пен со 18 поени, додека…

Read More

Европските ракометни првенства за жени од 2024 година ќе бидат организирани со 24, наместо со 16 репрезентации. Одлуката е донесена на состанокот на Извршниот комитет на Европската ракометна федерација во Копенхаген. Во следниот период ќе бидат направени промени и во квллафикацискиот систем, а ЕХФ ги повикува заинтересираните земји да учестуваат во наддавањето за организација на проширенио шампионат, а најверојатно предност ќе добијат првенствата кои ќе бидат организирани од две или повеќе земји. Ова практично значи изедначување на ЕП за мажи и жени, откако претходно и машките европски првенства од 2020 година ќе бидат со 24 репрезентации.

Read More