Стефано Пиоли си поднесе оставка на позицијата тренер во екипата на Фиорентина. Од клубот потврдија дека тојс и замининува, а на негово место е веќе назначен како в.д. тренер, Џакомо Мурели кој досега беше негов асистент.
Пиоли беше назначен за тренер на Фиорентина летото 2017 и ја предводеше до осмото место во Серија А минатата сезона. Се шпекулира дека екс-тренерот на Рома, Еузебио ди Франческо, наскоро ќе седне на клупата.