Едно од најпопуларните имиња оваа пролет во Лигата на шампионите, фудбалерот на Ајакс, Душан Тадиќ, најмалку уште една сезона ќе остане во редовите на холандскиот тим, иако за него има голем интерес од големите европски состави. Српскиот репрезентативец игра во фантастична форма,а неколку европски великани пројавиле сериозен интерес за неговите услуги. Од Холандија денеска стигнуваат индормации дека раководството на Ајакс и Тадиќ имаат договор тој и следната сезона да го предводи тимот. Србинот се врати во Холандија по заминувањето од Саутемптон и потпиша договор со Ајакс до јуни 2021 година.
Author: saso
Манчестер Сити ќе се обиде да дојде до сите четири трофеи оваа сезона. Со ваква изјава излезе менаџерот на „граѓаните“, Пеп Гвардиола, во пресрет на денешното продолжение на англиската Премиер лига. „Граѓаните“ се лидери во Премиерлигата, го освоија Лига купот, се најдоа во завршницата на ФА купот, а во престижната Лига на шампиони ќе се борат за полуфинале. „Привилегија е на почетокот на април да се биде активен во сите натпреварувања и да се бориш за титулата во Англија. Тоа е единствено искуство. Психички сме подготвени и со нетрпение чекаме да тргнеме во овој низ натпрвеари до крајот. Мислам дека…
Швајцарецот Рожер Федерер е вториот финалист на Мастерсот во мајами, откако утрово беше подобар од Денис Шаповалов во второто полуфинале на машкиот турнир. Федерер славеше со 2:0 по сетови (6:2, 6:4) и закажа дуел со Американецот Џон Изнер, кој е бранител на трофејот од минатата година. Младиот канадски тенисер немаше никакви шанси покрај расположениот Федерер кој не му остави ни најмала можност да го покаже својот потенцијал. Последниот натпревар од Мастерсот во Мајами на кој Федерер ќе се обиде да дојде до својата 101. титула во кариерата на програмата е закажан за утре со почеток од 19 часот.
Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Данило Брестовац го објави поширокиот список за претстојните квалификациски натпревари против репрезентацијата на Исланд за пласман на ЕП 2020 година. Првиот квалификациски натпревар сениорите ќе го одиграат на 10 април во Рејкјавик, додека реваншот е закажан четири дена подоцна во Скопје. На списокот не се најдоа Филип Миркуловски и Филип Лазаров, а ново име на голманската позиција е Градимир Чаневски на местото на Златко Даскаловски.
Поранешниот тренер на Челзи, Антонио Конте, продолжува да си ги бара оние 10,5 милиони евра од „сините“, кои предвреме му го раскинаа договорот. Според BBC, 49-годишниот стратег присуствувал на состанокот на Арбитражниот одбор на Премиер лигата, кој се занимава со неговата постапка против лондонскиот клуб. Италијанецот инсистира дека Челзи мора да му ги исплати сите плати за последната година од договорот. Клубот смета дека тренерот бил во конфликт со играчите, ги прекршил условите од договорот и поради тоа не му должи ништо. Особено беше посочен примерот со напаѓачот Диего Коста, кој беше принуден да ја напушти екипата поради несогласувања со Конте.
Првиот тренер на францускиот шампион ПСЖ, Томас Тухел, е блиску до продолжување на договорот со клубот, но досега нема постигнато согласност околу некои детали за трансферната политика на клубот. Договорот на германскиот стратег ќе биде продолжен за една сезона до летото 2021 година. Тухел најверојатно добива ново зголемување на платата, а со тоа и нов договор за трансферите кои следуваат. Според дел од изворите блиски до клубот, единствената причина зошто продолжувањето на договорот на Тухел се уште не е официјализирано е несогласување околу прашањата за новите засилувања. Германецот побарал клупски гаранции за засилувањата ова лето и побарал да има големо…
Најдобриот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ, неочекувано, уште во осминафиналето го заврши настапот на Мастерсот во Мајами, откако синоќа загуби од Шпанецот Роберт Баутиста со 2:1 (6-1, 5-7, 3-6). Србинот одлично го почна мечот и доминантно го доби првиот сет, но потоа попушти. Шпанецот одигра концентрирано, ги искористи своите шанси и успеа да обезбеди четврфинале. Во следната рунда Баутиста за противник ќе го има Американецот Џон Изнер.
Арсенал е подготвен да ги разгледа предлозите за продажба на играчот од средниот ред, Хенрик Мхитарјан. Со цел да го зголеми буџетот за трансфери за ова лето, „топчиите“ бараат купивачи за фудбалерите кои нема да бидта во плановите на Емери. Претходно во медиумите, беше објавено дека Емери ќе може да смета на буџет од 45 милиони фунти (околу 52,3 милиони евра) ова лето за да го надополни составот со нови играчи. 30-годишниот Ерменец е еден од најплатените играчи во Арсенал, со плата од 180,000 фунти неделно, па Емери сака да се ослободи од него и да направи место за нова…
Арсенал најверојатно нема да ја искористи опцијата за да ги купи правата на Денис Суарез од Барселона и ќе го врати фудбалерот онаму од каде што дојде. Во клубот не се задоволни од начинот на кој Суарез се вклупи во тимот, па немаат намера да го откупуваат неговиот договор. Интересно е да се напомене дека од Арсенал направија огромни напори да го донесат Суарез, но на крајот тој тотално разочара.
Атлетико (М) постигнал договор со капитенот на Порто Ектор Ерера и мексиканскиот фудбалер ќе биде првото ново засилување за тимот на Симеоне ова лето. Според шпанска „Марка“, Атлетико и агентот на Ерера се договориле за 5-годишен договор кој ќе бид епотпишан наскоро. 28-годишниот фудбалер имал разговори и со раководството на својот сегашен и на идниот клуб и бил импресиониран од понудата на Симеоне. Мексиканскиот репрезентативец беше интересен и за Интер и за Рома, затоа што на крајот на сезоната ќе стане слободен играч. Сепак, Атлетико беше најбрз во реакцијата и успеал да го убеди да се пресели кај нив.
