Првиот тренер на францускиот шампион ПСЖ, Томас Тухел, е блиску до продолжување на договорот со клубот, но досега нема постигнато согласност околу некои детали за трансферната политика на клубот.
Договорот на германскиот стратег ќе биде продолжен за една сезона до летото 2021 година. Тухел најверојатно добива ново зголемување на платата, а со тоа и нов договор за трансферите кои следуваат.
Според дел од изворите блиски до клубот, единствената причина зошто продолжувањето на договорот на Тухел се уште не е официјализирано е несогласување околу прашањата за новите засилувања.
Германецот побарал клупски гаранции за засилувањата ова лето и побарал да има големо влијание врз купувањето и продажбата на фудбалерите.