Швајцарецот Рожер Федерер е вториот финалист на Мастерсот во мајами, откако утрово беше подобар од Денис Шаповалов во второто полуфинале на машкиот турнир. Федерер славеше со 2:0 по сетови (6:2, 6:4) и закажа дуел со Американецот Џон Изнер, кој е бранител на трофејот од минатата година.
Младиот канадски тенисер немаше никакви шанси покрај расположениот Федерер кој не му остави ни најмала можност да го покаже својот потенцијал.
Последниот натпревар од Мастерсот во Мајами на кој Федерер ќе се обиде да дојде до својата 101. титула во кариерата на програмата е закажан за утре со почеток од 19 часот.