По завршување на подготовките во Пехчево во хотелот Гогов, денес Карате федерацијата на Македонија во просториите на Агенцијата за млади и спорт по претходниот прием кај директорот Дарко Каевски, одржа прес конференција по повод претстојното Европско првенство за сениори во Гвадалахара, Шпанија. На пресот беа присутни и селекторите во борби Сашко Арсовски и Бошко Заборски, како и селекторот во кати Стојан Андриевски. Селекторите изјавија дека веруваат во квалитетите на нивните избраници и очекуваат дека и овој пат поголемиот дел од нив ќе се најдат на победничкиот подиум. Инаку на ова европско првенство вкупно ќе настапат над 500 каратисти од вкупно…
Author: saso
Голманот на Вардар, Дејан Милосављев, очекувано е избран за најдобар голман во првите осминафинални натпревари во Лигата на шампионите. Вардар убедливо славеше на гостувањето кај ППД Загреб (18-27), а Дејан Милосављев беше еден од јунаците во триумфот, со вкупно 14 одбрани и 45% ефикасност во одбраните. ЕХФ исто така го состави комплетниот список на „идеалните 7“ за ова коло во кој се најдоа: Голман: Дејан Милосављев (Вардар) Лево крило: Валур Сигурдсон (Рајн Некар Левен) Лев бек: Расмус Лауге (Флензбург) Среден бек: Лука Циндриќ (Киелце) Десен бек: Алекс Душебаев (Киелце) Десно крило Арцем Козакевич (Мотор Запорожје) Кружен напаѓач: Јаник Колбахер (Рајн…
Екипата на Еурофарм Работник со убедлив пораз се прости од битолчани во ЕХФ Купот. Синоќа во еден исклучително лош меч, Еурофарм Работник беше декласиран од германски Хановер, а по мечот тренерот на тимот, Стевче Алушовски, истакна дека ова е еден тежок пораз. „Честитки за противникот, се надевам дека ќе се пласира во најсилните осум во ова натпреварување. Што се однесува до мојот тим, навистина ми е многу жал што потрошивме една седмица подготвувајќи се за овој натпревар. Не успеавме да ја играме нашата одбрана, а во нападот го немавме Стјепановиќ, но тоа не треба да се алиби за овој пораз.…
Светскиот рекет број 1 Новак Ѓоковиќ го совлада Аргентинецот Федерико Делбонис во три сета со 7:5, 4:6, 6:1 за два часа игра и обезбеди пласман во 4. коло на турнирот во Мајами. Ѓоковиќ го доби првиот сет со 7:5, но во вториот иако почна со водство од 3:1, Делбони се врати за 6:4 и го испрати натпреварот во трет сет. Таму Србинот не му остави шанси на противникот и му дозволи да освои само гејм. Во меч за место во четвртфиналето Ѓоковиќ го очекува дуел со Роберто Баутиста Агут (Шпанија), кој во ова коло беше подобар од Фабио Фоњини (Италија)…
Македонската фудбалска репрезентација остана непоразена и на вториот квалификациски меч од циклусот за ЕП 2020. Селекторот Игор Ангеловски на прес-конференција по мечот истакна дека не е задоволен само од резултатот, и дека Македонија била подобра од противникот на теренот. „И пред почетокот реков се што ќе биде над три бода е добро за нас. На ваква игра требаше да победиме. Не сум задоволен само од резултатот. Доказ дека имаме квалитет се многуте шанси кои ги имавме. Барем една од тие да погодевме, ќе победевме вечерва. Сметам дека нерешено не е реално, ние бевме подобри. „Ремито“ е добро за Словенија“, изјави…
Раководството на Кардиф Сити испрати своја изјава во ФИФА за случајот Емилијано Сала и неплатената сума на трансферот кон Нант. Според британски „Телеграф“, велшкиот клуб има намера да му ги испрати сите свои аргументи на светското фудбалско тело зошто нема намера да го плати трансферот на Сала. Кардиф тврди дека Премиер лигата немала време да го регистрира трансферот, бидејќи клубовите се согласиле за исплата која не се во согласност со правилата во Англија. Исто така во договорот за транзиција имало голем број на одредби кои не се исполнети. Според клубот, сега треба да се направи нов договор за спогодба кој…
Македонската фудбалска репрезентација одигра нерешено 1:1 на дуелот со Словенија во рамките на 2. коло од квалификациите за ЕП. На гостувањето во Љубљана, нашите фудбалери успеаја да ремизираат со словенечката селекција, која пред мечот важеше за мал фаворит. Момците на Игор Ангеловски потврдија дека имаат одлична генерација која не се плаши од ниту еден ривал. Одиграа машки и иако примивме гол во првото полувреме од Миха Зајц со кој Словенија отиде на одмор сопредност, на самиот старт на второто полувреме возвративме со голот на Барди за 1:1. Македонија веќе освои 4 бода во првите два меча во групата и со…
МЗТ Скопје Аеродром е првиот финалист во годинешното издание на АБА 2 лигата. „Штрковите“ и во вториот меч од полуфиналето славеа над сараевски Спарс, овој пат со убедливи 84-70 со што го потврдија пласманот во големото финале. „Штрковите“ го одбранија домашниот терен и сега ќе го чекаат подобриот од дуелот меѓу Борац и Приморска, од каде ќе го чекаат противникот за дуелот кој носи враќање во АБА елитата. Иванов со 24, Стојановски со 19 и Медфорд со 14 поени беа најдобри поединци во домашниот тим. Финалната серија е закажана за периодот од 1 до 8 април и ќе се игра на…
Македонската фудбалска репрезентација, вечерва во Љубљана ќе има голема поддршка од македонските фанови на вториот меч од квалификациите за ЕП 2020. Голем број на навивачки групи во текот на целиот ден се распослани низ градот во очекување на мечот. Избраниците на Игор Ангеловски ќе имаат силна поддршка од нашата публика сооглед на тоа што најавите се дека ќе има над 1500 наши навивачи.
Лионел Меси се врати во репрезентацијата на Аргентина, но враќањето потворно помина со дебакл. „Гаучосите“ загубија од Венецуела, а Меси се повреди. Меси нема да го игра следниот меч со Мароко, откако од таборот на аргентинската репрезентација истакнаа дека има болки во препоните и дека нема да биде подготвен за следниот меч. Оваа информација и тоа како ги разочара Мароканците, пред неколку недели купија билети за да го гледаат најдобриот фудбалер во светот, но Аргентинецот ќе се врати во Барселона каде ќе го почне процесот на рехабилитација за да биде подготвен пред важните дуели кои го чекаат каталонскиот тим.
