Нашиот најдобар фудбалери и капитен Горан Пандев утре на дуелот со Летонија ќе излезе со специјално дизајнирани копачки во чест на неговиот 100. меч во дресот со националните обележја. На копачките освен посебно обележаниот јубилеј ги има и имињата на неговите деца Филипо, Ана и Софија.
Author: saso
Македонската фудбалска репрезентација полека се комплетира и продолжува со подготовките за престојните квалификациски средби за пласман на ЕП против Летонија и Словенија. Селекторот, Игор Ангеловски на првиот тренинг синоќа на располагање го имаше скоро комплетниот состав, откако во Скопје пристигнаа и капитенот Горан Пандев, Илија Несторовски и Александар Трајковски од Италија, како и останатите повикани интернационалци. Единствено недостасуваше голманот Столе Димитриевски со чие приклучување репрезентацијата ќе се комплетира и ќе може полека да ја подготвува стратегијата за четврточниот дуел со Летонците.
Македонската репрезентација до 21 година синоќа во Анталија го одржа првиот тренинг во пресрет на силниот „Анталија Куп“ кој за нас почнува на 22 овој месец. Новиот (стар) предводник на нашиот младински тим, Благоја Милевски, полека ги подготвува младинците кои ќе имаат добри три теста против Летонија, Естонија и Казахстан. Дуелите се закажани за 22, 24 и 26. Март, а Милевски полека ќе го составува тимот со кој ќе продолжи во новиот квалификациски циклус.
Швајцарската фудбалска ѕвезда Џердан Шаќири се повреди и нема да биде дел од репрезентација на стартот на квалификациите за ЕП. Фудбалерот на Ливерпул нема да му биде на располагање на селекторот Владимир Петковиќ за гостувањето кај Грузија во сабота и за дуелот со Данска три дена подоцна. Шаќири има повреда на препоните поради која ќе мора да помине извесен период надвор од терените.Тој се појави на собирот на репрезентацијата на Швајцарија, но не беше дел од првиот тренинг.
Во период кога Реал Мадрид го врати Зинедин Зидан на кормилото на тимот, стигна и првиот поголем играчки проблем за француската легенда. Имено, според информациите на шпанските медиуми, Реал е на пат да го загуби првиот дефанзивец Рафаел Варан. Имено, Варан, кој без разлика што има договор до 2022 година, веќе изразил желба да го напушти „Сантјаго Бернабе“. Иако со доаѓањето на Зидан шансите тој да се премисли се зголемуваат, најверојатна опција е тој да се пресели во друг гигант, а Реал добро да заработи на него. Цената на Варан е околу 100 милиони евра, а и за оваа цена…
Спортскиот директор на холандски Ајакс, Марк Овермарс иако беше пред преселба на директорското место во Арсенал, реши да ја продолжи соработката со најтрофејниот холандски тим. Како што објавија од клубот, Овермарс го продолжи договорот со Ајакс до 2024 година со што ги прекина сите шпекулации за негово заминување. Тој потпиша нов петгодишен договор кој го остава на директорското место во Амстердам. „Има многу предизвици во Ајакс и сите се чувствуваме добро. Ние преземаме различни чекори како во помладите категории, така и во првиот тим и од спортска гледна точка, сакаме многу повеќе да постигнеме. Среќен сум затоа што сум опкружен…
Селекторот на македонската фудбалска репрезнетација, Игор Ангеловски, денеска го имаше првиот собир со репрезентативците во пресрет на дуелите со Летонија и Словенија во циклусот квалификации за ЕП 2020 година. На брифингот со новинарите, тој истакна дека Македонија нема да бега од фаворитската улога на дуелот в четврток со Летонците. „Добро знаеме што не очекува во неделава која ни претстои. Сконцентрирани сме на Летонија со цел да стартуваме со три бода во новите квалификации. За жал Спировски и Тричковски нема да ни помогнат, и им посакувам брзо опоравување. Нема да повикувам други фудбалери, освен ако некој не се повреди на престојниот…
Европското поединечно првенство во шах синоќа беше свечено отворено во хотелот „Дабл три Хилтон“ во Општина Аеродром. На Европското првенство што се одржува од 17 до 30 март се натпреваруваат околу 400 претставници на федерации кои се членки на Европската шаховска унија (ЕКУ). Турнирот се игра по швајцарски систем според турнирските правила на ЕКУ и Светската шаховска федерација. Првенството е во организација на Владата, Агенцијата за млади и спорт, Шаховската федерација, Општина Аеродром, под покровителство на Европската шаховска унија.
Турчинот Халис Оскаја ќе биде главен судија на мечот со Летонија кој в четврток нашата репрезентација ќе го одигра во Скопје. Станува збор за релативно млад судија, а во последно време има судено на многу меѓународни натпревари. Нам ни е познат зошто ни судеше на пријателските средби со Литванија и Азербејџан во 2012 и во 2018 кога на првата средба победивме со 1:0 а на втората ремизиравме со 1:1.
Женската ракометна репрезентација на Македонија ги почна подготовките за двомечот со Црна Гора во рамките на ЕХФ недела. Дуелите ќе бидат искористени како подготовка за бараж дуелите со Словенија кои не очекуваат во јуни. „Ќе одработиме една добра недела со еден двомеч со Црна Гора, кој е од големо значење за нас. Сега ќе видиме до каде е нивната физичка подготовка и да го качиме на едно повисоко ниво техничко-тактичкиот дел“, вели селекторот Симевски во изјава за Спортското радио 90.3 фм. Дел од ракометарките се веќе тука, дел ќе пристигнат денеска и полека ќе почне финалната подготовка за дуелите со…
