Спортскиот директор на холандски Ајакс, Марк Овермарс иако беше пред преселба на директорското место во Арсенал, реши да ја продолжи соработката со најтрофејниот холандски тим. Како што објавија од клубот, Овермарс го продолжи договорот со Ајакс до 2024 година со што ги прекина сите шпекулации за негово заминување.
Тој потпиша нов петгодишен договор кој го остава на директорското место во Амстердам.
„Има многу предизвици во Ајакс и сите се чувствуваме добро. Ние преземаме различни чекори како во помладите категории, така и во првиот тим и од спортска гледна точка, сакаме многу повеќе да постигнеме. Среќен сум затоа што сум опкружен со многу добар тим од луѓе“, рече Овермарс.