Во период кога Реал Мадрид го врати Зинедин Зидан на кормилото на тимот, стигна и првиот поголем играчки проблем за француската легенда. Имено, според информациите на шпанските медиуми, Реал е на пат да го загуби првиот дефанзивец Рафаел Варан.
Имено, Варан, кој без разлика што има договор до 2022 година, веќе изразил желба да го напушти „Сантјаго Бернабе“. Иако со доаѓањето на Зидан шансите тој да се премисли се зголемуваат, најверојатна опција е тој да се пресели во друг гигант, а Реал добро да заработи на него.
Цената на Варан е околу 100 милиони евра, а и за оваа цена има заинтересирани клубови кои би сакале да го купат ова лето.