Напаѓачот на Милан, Патрик Кутроне не е задоволен од шансата која ја добива во Милан и најверојатно ова лето ќе побара трансфер. Ккао што објавија медиумите блиски до клубот, Кутроне е незадоволен од минутажата која ја добива. Атлетико (М), Тотенхем, Борусија (Д) и Торино се заинтересирани за услугите на 21-годишниот фудбалер на „росонерите“, но засега нема индиции дека Милан е подготвен да го продаде. Цената на Кутроне на трансфер пазарот варира меѓу 25 и 30 милиони евра. Договорот на Кутроне со Милан е до летото 2023 година. Оваа сезона, тој се појави на 24 натпревари од италијанската Серија А, имаше…
Author: saso
Наполи и Арсенал ќе го одиграа најинтересниот меч од четврфиналето на Лигата на Европа. Ждрепката за четврфиналните дуели сакаше еден од главните фаворити за трофејот Челзи, да го добие за противник најпосакуваниот ривал, Славија Прага, а првиот меч да го одигра на гости. Во четврфиналето ќе гледаме и еден шпански дуел меѓу Виљареал и Валенсија, како и пресметка меѓу екипите на Бенфика и Ајнтрахт (Ф). Првите четврфинални средби се закажани за 11 април, а реваншите 7 дена подоцна.
Дуел на европските гиганти Барселона и Манчестер Јунајтед ќе го одбележи четврфиналето на Лигата на шампионите. На денешната ждрепка во Нион, најдобро рангираниот тим на УЕФА листата, Барселона за противник го доби Манчестер Ј. кој успеа да направи големо изненадување со елиминацијата на ПСЖ во осминафиналната рунда. Жестока англиска пресметка ќе има меѓу Тотенхем и Манчестер Сити, додека екипата на Ливерпул во четврфиналето за противник го доби минатогодишниот ривал од осминафиналето, екипата на Порто. Во последниот дуел од четврфиналето ќе се сретнат Ајакс и Јувентус. Првите средби ќе се одиграат на 9 и 10 април, додек ареваншите ќе бидат на…
По Лестер и Реал (М) почнува да се интересира за македонскиот фудбалски бисер Елиф Елмас. Шпанските медиуми веќе пишуваат дека Зинедин Зидан им дал задача на своите соработници да го следат 19-годишниот македонски репрезентативец кој игра во одлична форма во турски Фенербахче. Зидан во Елмас гледа фудбалер „универзалец“, кој може да одговори на повеќе позиции на теренот. Овие шпакулации денес добија потврда и од шпанските медиуми, односно од елитниот „АС“, кој пишува дека Елмас е еден од најследените фудбалери на Реал Мадрид и за краток период до Фенербахче ќе се испрати конкретна понуда.
Англиските медиуми утрово пренесуваат информација која би можела да зададе огромни проблеми во актуелниот англиски шампион, Манчестер Сити. Во исчекување на завршницата од истрагата за прекршување на финансискиот фер-плеј, од ФИФА доаѓа вест дека по примерот со Челзи и „граѓаните“ се соочуваат со забрана од регистрирање играчи во следните две години. Причината е тоа што ФИФА утврдила низа нерегуларности во трансферите на младите фудбалери кои во минатото доаѓале во Манчестер Сити. Доколку клубот од Манчестер добие две сериозни санкции ќе се најде во сериозни проблеми во следните две години.
Точно на пладне во Нион се очекува извлекувањето на двојките за четврфиналето на најсилното клупско натпреварување на планетава, Лигата на шампионите на УЕФА. Во неа ќе го нема името на тимот кој доминираше во последниве три години, Реал (М), кој сензационално беше елиминиран од екипата на Ајакс. Јувентус, пак, успеа да го елиминира и вториот шпански тим од Мадрид, Атлетико, со што ја остави престолнината на Шпанија, каде патем ќе се одигра и финалето од годинешното издание на ЛШ, без преставник. Оваа сезона меѓу осумте најдобри има дури четири англиски тима. Манчестер Јунајтед, Манчестер Сити, Тотенхем и Ливерпул влегоа меѓу…
Германскиот бундеслигаш Лајпциг на својата официјална веб-страница го објави продолжувањето на договорот со напаѓачот Јусуф Поулсен. Новиот договор на 24-годишниот Данец со германскиот клуб ќе биде до летото 2022 година. „Среќен сум што постигнавме договор. Постигнав значителен напредок со овој клуб, и затоа ми е драго што ќе продолжиме да напредуваме заедно“, изјавил Поулсен. Поулсен се пресели во Лајпциг во 2013 година, кога тимот играше во третата германска лига и со него дебитираше и во Лигата на шампионите минатата сезона.
Напаѓачот на Селта, Макси Гомез може да се пресели во Барселона за време на летниот трансфер прозорец, пишуваат каталонските весници. Според извори на медиумите, по долгата анализа на играта на неколку кандидати за засилување на нападот, од Барса се одлучиле да се обидат со Уругваецот. Каталонскиот клуб има намера да го купи Макси Гомез веднаш по завршувањето на сезоната. Се споменува сума од околу 25 милиони евра која Барса е подготвена да ја плати веднаш, но Селта најави дека за негова слобода ќе бара двојно повеќе. Тоа значи дека ќе мора да се очекуваат подолги преговори,
Никола Јокиќ со поени со сирената успеа да му донесе 45-та сезонска победа на Денвер во регуларниот дел од сезоната во НБА лигата. Во дербито против Далас, Србинот погоди шут со една рака во последните стотинки на мечот и со тоа го разочара младиот Лука Дончиќ кој беше најдобар поединец во гостинскиот состав. Денвер славеше со 100:99, а Јокиќ средбата ја заврши со 11 поени и 14 скока. На спротивната страна Дончиќ постигна 24 поени. Синоќа добар меч одиграа и кошаркарите на Торонто кои ги поразија Лејкерс со 111:98 иако Леброн Џејмс кај гостите имаше 29 постигнати поени. Бостон пак…
Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром славеа со 93:77 над Спарс од Сараево во меч од последното коло во регуларниот дел од сезоната во АБА2 лигата. Босанскиот тим, кој е противник на „штрковите“ и во полуфиналето од плеј-офот, настапи некомплетен, а МЗТ Скопје А. тоа го искористи за победа. Најдобар во победата беше Предраг Самарџиски со „дабл-дабл“ учинок од 26 поени и 14 скока. Иванов заврши со 19, додека кај гостите, Мањгафиќ постигна 16 поени.
