Напаѓачот на Селта, Макси Гомез може да се пресели во Барселона за време на летниот трансфер прозорец, пишуваат каталонските весници.
Според извори на медиумите, по долгата анализа на играта на неколку кандидати за засилување на нападот, од Барса се одлучиле да се обидат со Уругваецот.
Каталонскиот клуб има намера да го купи Макси Гомез веднаш по завршувањето на сезоната. Се споменува сума од околу 25 милиони евра која Барса е подготвена да ја плати веднаш, но Селта најави дека за негова слобода ќе бара двојно повеќе. Тоа значи дека ќе мора да се очекуваат подолги преговори,