Раководството на Милан и агентот на Шпанецот Сусо се уште не можат да најдат заеднички јазик во преговорите за нов договор на играчот. Според информациите, разговорите меѓу двете страни се одвиваат во пријателски тон, но и покрај тоа не може да се постигне согласност за платата која Шпанецот треба да ја добива на “Сан Сиро”. Росонерите имаат намера да му дадат по 4 милиони евра од сезона, но Шпанецот сака да добива 5 милиони плус дополнителни бонуси. Сусо има договор со Милан за уште три сезони, но шефовите брзаат да потпишат нов, бидејќи сакаат да ја отстранат клаузулата за негов…
Author: saso
Екипата на Оклахома Сити Тандер славеше како гостин над Портланд Трејлблејзерс со 129:121 по продолженија во дербито на вечерта во НБА лигата. Расел Вестбрук со 37 поени и Пол Џорџ со 32 поени и 14 скока беа лидери во победата на гостите. На спротивната страна блескаше Демијан Лилард, кој нанижа 51 поен за Трејлблејзерс, а Јусуф Нуркиќ постигна „дабл-дабл“ од 13 поени и 17 скока. Ова беше 40-та сезонска победа на Оклахома, која се искачи на третото место во Западната конференција, каде е во битка со тимовите на Портланд и Хјустон Рокетс за стартните три места. Милвоки, пак, продолжи со…
Ракометарите на Вардар се поразени во меч од регуларната сезона во СЕХА лигата откако денеска на домашен терен загубија со 32:30 од екипата на Мешков Брест. Во динамичен и неизвесен натпревар, белорускиот претставник си ја оствари целта и победи во Скопје со што остана во игра за пласман на завршниот Ф4-турнир во регионалното натпреварување. Гостите водеа и на полувреме со 17:16, а разликата ја одржуваа до средината на вториот дел. Потоа Вардар го засили темпото, поведе, но во финишот дозволи со неколку технички грешки да им ја „подари“ победата на противниците. Дибиров и Скубе беа најефикасни кај Вардар со по…
По два дена одмор од мечот со Монтпелје, ракометарите на Вардар веќе утре играат со Мешков Брест во рамките на новото коло од СЕХА Газпром лигата. Мислите се насочени кон двомечот со ППД Загреб за пласман во 1/4 финалето во Лигата на шампионите, а дуелот со Мешков ќе биде искористен како подготовка за престојните дуели во ЛШ. „Немавме многу време за подготовка, но најважно за нас е да одиграме добро и да победивме. Завршивме со групната фаза од ЛШ и сега треба да се подготвуваме за елиминациските натпревари. Сега ни треба план и програма за тоа како ќе пристапиме на…
Реал Мадрид е подготвен на се за да го доведе во своите редови фудбалерот на Ливерпул, Мохамед Салах. Во текот на летото “кралевите” планираат да го понудат Иско како замена за Салах плус уште 50 милиони евра за 26-годишниот египетски репрезентативец. Според последните информации, лично шефот на “кралевите”, Флорентино Перез сака напаѓачот на “црвените” да го види во својот состав и верува дека неговата класа ќе му помогне на тимот да продолжи да победува и да освојува трофеи. Самиот Салах е проценет на 150 милиони евра, а оваа сезона има 30 натпревари, 20 гола и 7 асистенции за неговиот клубски…
Напаѓачот на Реал (М), Герет Бејл, веќе не се чувствува пријатно како дел од тимот, тврдат шпанските медиуми. Според информација на весникот „Марка“, велшкиот репрезентативец веќе извесен период не е во добри односи и со дел од соиграчите во тимот, па едвај чека да ја заврши сезоната и да си замине од Мадрид. Бејл беше во стартната постава на дуелот со Барселона во саботата што беше изненадување не само за навивачите, туку и за неговите соиграчи. Напаѓачот не успеа да се докаже на теренот, а во второто полувреме беше заменет со свирежи на навивачите. Според извори навесникот, Бејл дури и…
Првиот тренер на Реал Мадрид, Сантијаго Солари, воопшто не е популарен меѓу неговите играчи во клубот, велат извори од „кралскиот клуб“. Според некои написи во шпанскиот печат, генерално во Реал постои недоразбирање меѓу дел од најголемите ѕвезди на тимот и стратегот кој го замени Хулиен Лопетеги. Наводно голем дел од играчите воопшто не ги разбираат персоналните одлуки на Солари. Во исто време, клубот останува смирен и има намера да чека до лето со поставување ново тренерско име. Покрај тоа, во Реал не губат надеж дека можат и четврттипат едноподруго да ја освојат титулата во Лигата на шампионите.
Откако ниту еден ракометар на Вардар не најде место во најдобрите за минатото коло во Лигата на шампионите и покрај победата над Монтпелје во Скопје, двајца голмани на македонските преставници во СЕХА Лигата се најдоа во конкуренција за најдобрите одбрани за минатиот месец. Никола Даниловски и Калифа Гедбан се најдоа меѓу номинираните за најдобри одбрани, а истите ги остварија против ППД Загреб и тоа од седум метри. Голманот на Металург на оваа листа се најде со двојната интервенциија, откако го одбрани седмерецот, а веднаш потоа спречи хрватскиот тим да забележи нов погодок. Гедбан пак пред крајот на првото полувреме го…
Екипата на Селта на својата официјална веб-страница го објави прекинот на соработката со Мигел Кардосо, кој досега ја вршеше функцијата главен тренер. Кардосо дојде во Селта минатата година, а за време на 15 меча под негово водство, Селта имаше 10 порази и само 3 победи. По 26. кола тимот од Виго се наоѓа веднаш до зоната на испаѓање на 17 место во шпанската Ла Лига со само 25 бода. На местото на Кардосо од клубот веднаш го поставија Фран Ескриба, кој претходно има искуство како тренер во неколку шпански тимови.
Манчестер Сити не треба да жали дури и ако не успее да ја одбрани титулата, порача менаџерот на Сити, Пеп Гвардиола. „Граѓаните“ се вратија на врвот во Премиер лигата по серијата нерешени натпревари на нивниот голавен конкурент Ливерпул и имаат бод повеќе од „Црвените“, но битката допрва следува. „Во однос на играта, играме многу подобро отколку минатата сезона. Секој знае што да прави, си помагаме и се бориме. Се разбира, можеби нема да станеме шампиони, но не треба да се жалиме. Знам дека кај нас најважно е првото место, а кога си втор си губитник, но невозможно е така да…
