Author: saso

Фудбалерите на Ливерпул не успеаја да слават на гостувањето кај градскиот ривал Евертон, играјќи нерешено 0:0, со што му го препуштија првото место на табелата на шампионот Манчестер Сити. Избраниците на Јирген Клоп одиграа еден слаб меч, пропуптија неколку добри шанси за гол, но и имаа среќа во одреден дел од мечот, затоа што и домашните имаа добри позиции да го загрозат голот на Алисон Бекер. По вчерашната победа од 1:0 на гостувањето кај Бурнемаут, тимот на Пеп Гвардиола стигна до 2 бода предност пред „црвените“, а со денешниот освоен бод против Евертон Ливерпул остана на минус 1 во однос…

Read More

Италијанскиот скијач Доминик Парис ја оствари петата сезонска победа, откако денеска беше најдобар на супервелеслаломот во Квитфјел. Ова за него беше и втора победа во супервелеслалом, по онаа во Бормио во декември минатата година. Денеска тој победи со време од 1:29.20, а како победник ја зазеде лидерската позиција во оваа дисциплина со 330 бодови. Втор во норвешкиот скијачки центар беше домашниот скијач Кетил Јансруд со 43 стотинки послабо време од тоа на победникот. Трет заврши Швајцарецот Беат Фојц со време од 1:29.80.

Read More

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација Горан Пандев, денес влезе во историјата на италијанската Серија А. Тој влезе во игра на стартот на второто полувреме на мечот меѓу Џенова и Фрозиноне, што значеше негов 400-ти натпревар во најквалитетната италијанска фудбалска лига. Пандев на вечната листа фудбалери со 400 и повеќе настапи во Серија А е на 46. место. Од странските фудбалери кои играат на Апенинскиот Полуостров само Самир Хандановиќ има повеќе настапи од Пандев.

Read More

Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија на денешната седница во „Куќа на фудбалот“ донесе одлука дека на позицијата селектор на Македонија до 21 година ќе го назначи Благоја Милевски. „Ми беше важно отворено да разговараме со в.д. претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини околу репрезентативните теми и му благодарам за разбирањето и довербата која заедно со Управниот одбор ми ја укажуваат. Се радувам на новите предизвици и можноста повторно да соработуваме, останува да се договорат одредени детали за официјализирање на соработката во однос на договорот. Свесен сум за ситуацијата која е пред нас, но не се плашиме, верувам во репрезентацијата,…

Read More

Крилото на „црвено-црните“ Тимур Дибиров, во пресрет на дуелот со Монтпелје вели дека Вардар мора да победи пред домашната публика. „Играме дома, а Вардар пред оваа публика мора секогаш да победува со секого. Немаме никакви калкулации, нема желби, сакаме само да победиме со Монтпелје и на таков начин да ја завршиме групната фаза. Треба само да сме здрави и да се фокусираме на наредниот предизвик“, изјави Дибиров.

Read More

Англискиот првак Манчестер Сити потпишаа рекорден договор за нов снабдувач со спортска опрема. Според информациите кои ги потврдија од клубот, компанијата „Пума“ ќе биде новиот дистрибутер на опрема за Сити почнувајќи од ова лето. „Пума“ за следните 10 години ќе го обезбедува англискиот шампион со опрема и притоа ќе плаќа по 65 милиони фунти годишно во касата на клубот. Ова е втор по големина договор по оној на Манчестер Јунајтед со Адидас, кој изнесува 75 милиони фунти за сезона.

Read More

По вчерашната победа над екипата на ПП Загреб во СЕХА лигата, ракометарите на Вардар веќе в сабота се пред нов предизвик во Лигата на шампионите. Македонскиот ракометен првак го чека последниот меч од групната фаза против француски Монтпелје, а во пресрет на мечот на денешната прес-конференција, тренеротРоберто Гарсија Парондо вели дека сите посакуваат успешен завршеток на оваа фаза од натпреварувањето. „Не чека последниот меч од групата, тоа е најважниот меч за нас и мислиме само на него. Сакаме да победиме, за да се спремиме добро за елиминациските средби, каде немаш право на грешка и на порази. Имаме проблеми со неколку…

Read More
NBA

По победата на “езерџиите” синоќа над Њу Орлеанс Пеликанс во која Леброн Џејмс реализираше дабл-дабл од 33 поени и 10 асистенции, тој веќе дојде на  помалку од 100 поени зад легендата на НБА лигата, Мајкл Џордан на вечната листа на најдобри реализатори во регуларната сезона на НБА лигата. По овој натпревар Леброн вече има 32.195 постигнати поени во целата кариера и заостанува со само 97 поени зад популарниот „MJ“ на оваа листа, кој има 32.292 поени. Тоа значи дека е само прашање на време во следните натпревари на Лејкерс, Леброн да го преземе местото на Џордан и да тргне кон…

Read More

Рафаел Надал не искористи три меч топки и на крајот загуби од Ник Кирјос во вториот круг на турнирот во Акапулко (Мексико), кој се игра за награден фонд 1,78 милиони долари. Шпанецот, кој е двократен шампион во Акапулко од 2005 и 2013 година, не успеа да го совлада Австралиецот, кој во еден одличен финиш успеа двапати да го добие вториот на светската ранг листа. Кирјос славеше со 6:3, 6:7 (2), 6:7 и обезбеди место меѓу патниците во завршната рунда.

Read More

Моќниот Манчестер Јунајтед предводен од Оле Гунар Солскјер, стигна до нов нов клубски рекорд од последователни победи во сите натпреварувања. Со победата од 3:1 над Кристал Палас во Лондон, Манчестер Ј. стигна до бројката од 8 последователни победи на гостувањата. Како што е познато, Солскјер го презема Јунајтед на 19 декември. Под негово водство, тимот има одиграно 15 натпревари на сите турнири и има обезбедено 12 победи, две нерешени и само еден пораз.

Read More