Моќниот Манчестер Јунајтед предводен од Оле Гунар Солскјер, стигна до нов нов клубски рекорд од последователни победи во сите натпреварувања.
Со победата од 3:1 над Кристал Палас во Лондон, Манчестер Ј. стигна до бројката од 8 последователни победи на гостувањата.
Како што е познато, Солскјер го презема Јунајтед на 19 декември. Под негово водство, тимот има одиграно 15 натпревари на сите турнири и има обезбедено 12 победи, две нерешени и само еден пораз.