Италијанскиот скијач Доминик Парис ја оствари петата сезонска победа, откако денеска беше најдобар на супервелеслаломот во Квитфјел. Ова за него беше и втора победа во супервелеслалом, по онаа во Бормио во декември минатата година.
Денеска тој победи со време од 1:29.20, а како победник ја зазеде лидерската позиција во оваа дисциплина со 330 бодови. Втор во норвешкиот скијачки центар беше домашниот скијач Кетил Јансруд со 43 стотинки послабо време од тоа на победникот. Трет заврши Швајцарецот Беат Фојц со време од 1:29.80.