Крилото на „црвено-црните“ Тимур Дибиров, во пресрет на дуелот со Монтпелје вели дека Вардар мора да победи пред домашната публика.
„Играме дома, а Вардар пред оваа публика мора секогаш да победува со секого. Немаме никакви калкулации, нема желби, сакаме само да победиме со Монтпелје и на таков начин да ја завршиме групната фаза. Треба само да сме здрави и да се фокусираме на наредниот предизвик“, изјави Дибиров.