Ракометарите на Вардар в среда во Скопје го пречекуваат тимот на ППД Загреб во нов меч од СЕХА Газпром лигата. По победата над Кристијанштад во Лигата на шампионите, „црвено-црните“ против директниот конкурент за врвот на табелата во регионалната конкуренција ќе се обидат да ја продолжат победничката низа. Тренерот Гарсија Парондо, на прес-конференцијата одржана денеска, вели дека ова ќе биде една исклучително тешка недела. „Оваа недела имаме два меча, СЕХА в среда и ЛШ во сабота и ќе биде тешка недела за нас. Во завршна фаза сме и од двете натпреварувања. Секако дека сакаме да одиграме добар меч со Загреб, но…
Author: saso
Фудбалската федерација на Македонија и Мисијата на ОБСЕ во Скопје, денеска одржаа прес конференција по повод стартот на проектот „ОМРАЗАТА НЕ ИГРА НА НАШ ТЕРЕН, ДА ЈА ИСФРЛИМЕ И ОД ТРИБИНИТЕ!“. Генералниот секретар на ФФМ, Филип Поповски и амбасадорот на ОБСЕ во Македонија, Клеменс Која, ја истакнаа важноста од подигнување на светса кај најмладите за повисоко ниво на толеранција и спречувањето на говорот на омраза меѓу спортските навивачи и младината. Како дел од проектот, ФФМ и Мисијата на ОБСЕ во Скопје подготвија кампања за спречување на говорот на омраза и нетолеранцијата на и надвор од фудбалските терени. Целта на кампањата…
Викендов во Скопје се одржа државното првенство во карате за сениори, во поединечна и во екипна конкуренција, кое практично беше и квалификациски турнир за влез во македонската карате репрезентација која кон крајот на март ќе патува на европското првенство во Гвадалахара, Шпанија. По одржаните борби беше комплетиран списокот на репрезентативци кои ќе ја преставуваат Македонија на престојниот европски шампионат. Кати жени Пуликсенија Јованоска (Фунакоши Гичин) Кати мажи Фери Исиќ (Вардар) Борби (жени) -50 кг – Сара Радичевска (Макпетрол) -55 кг – Симона Заборска (Макпетрол) -61 кг – Наташа Стефановска (Макпетрол) -68 кг – Моника Стефановска (Макпетрол) Борби (мажи) -60 кг…
Вардар имаше успешен настап против Кристијанштад, а освен тоа што во тимот на колото се најде бекот криштопанс, и голманот Калифа Гедбан беше еден од најзаслужните за победата во Шведска, па и тој доби посебно признание. Гедбан се најде во изборот на петте најдобри одбрани во тековното коло. Тој ја има втората најдобра одбрана во 13. коло, откако одбрани зицер при 29-30 и ја потврди победата на Вардар. Комплетното видео на следниот ЛИНК.
Ракометарите на Вардар победија на гостувањето кај Кристијанштад во Шведска на дуелот од новото коло во Лигата на шампионите, а десниот бек Даинис Криштопанс беше прогласен и за најдобар десен бек на колото. Вардар дојде до важна победа на гостувањето во Шведска, со што го потврди својот пласман на 3. место во групата, со надеж дека може да атакува и на втората позиција. Покрај Криштопанс, во „идеалните 7“ на колото се најдоа и: Лево крило – Иван Никчевиќ (Спортинг Лисабон) Лев бек – Борис Пуховски (Мотор Запорожје.) Среден бек – Себастијан Скубе (Силкеборг) Десен бек – Даинис Криштопанс (Вардар) Десно…
По вчерашните скандалозни сцени на крајот на продолженијата на финалето од Лига Купот на Англија, кога голманот на Челзи, Кепа, одби да ја напушти играта и да биде заменет, денеска се јави и младиот чувар на мрежата на Челзи со свое објаснување за целата ситуација. „Би сакал да разјаснам некои работи за мечот, посебно за завршницата. Ниту во еден момент мојата намера не беше да не го почитувам менаџерот или која било негова одлука. Мислам дека се беше недоразбирање во жарот на завршницата на натпреварот за трофеј. Тренерот мислеше дека не сум во ситуација да продолжам да бранам, а мојата…
Напаѓачот на Манчестер Сити, Рахим Стерлинг, по победата во Лига Купот на Англија, изјави дека менаџерот Пеп Гвардиола пред да го изведе пеналот му рекол дека нема да го гледа. „Ова е прекрасно чувство. Јас сум дома, јас сум на Вембли, во мојот град. Тоа беше тежок меч, но одлично чувство. Момците беа одлични. Јасно беше дека ако постигнам гол, тоа ќе биде победа. Тоа беше сè што ми требаше. Гвардиола рече дека нема да го гледа мојот пенал“, вели Стерлинг. Младиот голгетер вели дека ова е само еден трофеј и тука нема да застанат. Пред Сити годинава има императив…
Фудбалерите од средниот ред на Баерн Минхен, Ариен Робен и Франк Рибери ќе добијат проштални натпревари во својот долгогодишен клуб, објавија од управата на баварците. Во чест на искусните играчи кои играа за тимот повеќе од 10 години ќе се организира проштален натпревар. Се очекува настанот да се одржи по завршувањето на нивната професионална кариера, бидејќи ова лето тие ќе го напуштат Баерн и засега не се знае каде и дали ќе продолжат со активните кариери. Рибери е во Баерн од 2007 година, а Робен се приклучи во тимот во 2009 година.
Ракометарите на Еурофарм Работник вечерва во Нашице, Хрватска ќе го одиграат натпреварот од третото коло во групната фаза на ЕХФ Купот. Нашиот преставник е без победа по првите две кола, а третата шанса за победа ја бара со нов тренер. Од пред извесно време во составот на Битолчани нов предводник е Стевче Алушовски, кој го презема кормилото од Србинот Чирковиќ кој замина по поразот од Татабања во 2. коло. Алушовски за денешниот меч ќе биде без двајца важни ракометари во тимот. Поради повреди ќе отсуствуваат Дејан Пецаковски и Филип Чурлевски. Натпреварот меѓу Нексе и Еурофарм се игра вечерва со почеток…
Ракометарите на Вардар вечерва од 19 часот против Кристианштад ќе го одиграат мечот од 13. коло во група „А“ од Лигата на шампионите. По поразот од Веспрем, пред „вардарци“ е императивот да се вратат со победа од Шведска. За Шведска не отпатуваа Вуко Борозан и Марко Мишевски, а тренерот на тимот Роберто Парондо изјави дека уште неколку играчи имаат проблеми, но тие ќе бидат во комбинација за натпреварот во Шведска. На првиот меч сезонава во Скопје, Вардар триумфираше со 33-25.
