Ракометарите на Вардар вечерва од 19 часот против Кристианштад ќе го одиграат мечот од 13. коло во група „А“ од Лигата на шампионите. По поразот од Веспрем, пред „вардарци“ е императивот да се вратат со победа од Шведска.
За Шведска не отпатуваа Вуко Борозан и Марко Мишевски, а тренерот на тимот Роберто Парондо изјави дека уште неколку играчи имаат проблеми, но тие ќе бидат во комбинација за натпреварот во Шведска.
На првиот меч сезонава во Скопје, Вардар триумфираше со 33-25.