Ракометарите на Вардар победија на гостувањето кај Кристијанштад во Шведска на дуелот од новото коло во Лигата на шампионите, а десниот бек Даинис Криштопанс беше прогласен и за најдобар десен бек на колото.
Вардар дојде до важна победа на гостувањето во Шведска, со што го потврди својот пласман на 3. место во групата, со надеж дека може да атакува и на втората позиција.
Покрај Криштопанс, во „идеалните 7“ на колото се најдоа и:
Лево крило – Иван Никчевиќ (Спортинг Лисабон)
Лев бек – Борис Пуховски (Мотор Запорожје.)
Среден бек – Себастијан Скубе (Силкеборг)
Десен бек – Даинис Криштопанс (Вардар)
Десно крило – Лук Абало (ПСЖ)
Пивот – Хулен Агинагалде (Кјелце)
Голман – Рикард Капелин (Кристијанштад)