Напаѓачот на Манчестер Сити, Рахим Стерлинг, по победата во Лига Купот на Англија, изјави дека менаџерот Пеп Гвардиола пред да го изведе пеналот му рекол дека нема да го гледа.
„Ова е прекрасно чувство. Јас сум дома, јас сум на Вембли, во мојот град. Тоа беше тежок меч, но одлично чувство. Момците беа одлични. Јасно беше дека ако постигнам гол, тоа ќе биде победа. Тоа беше сè што ми требаше. Гвардиола рече дека нема да го гледа мојот пенал“, вели Стерлинг.
Младиот голгетер вели дека ова е само еден трофеј и тука нема да застанат. Пред Сити годинава има императив да се освојат и Премиер лигата и Лигата на шампионите.