Ракометарите на Еурофарм Работник вечерва во Нашице, Хрватска ќе го одиграат натпреварот од третото коло во групната фаза на ЕХФ Купот. Нашиот преставник е без победа по првите две кола, а третата шанса за победа ја бара со нов тренер.
Од пред извесно време во составот на Битолчани нов предводник е Стевче Алушовски, кој го презема кормилото од Србинот Чирковиќ кој замина по поразот од Татабања во 2. коло. Алушовски за денешниот меч ќе биде без двајца важни ракометари во тимот.
Поради повреди ќе отсуствуваат Дејан Пецаковски и Филип Чурлевски. Натпреварот меѓу Нексе и Еурофарм се игра вечерва со почеток во 19:30 часот. Судии ќе бидат Ердоан Витаку и Арсим Витаку, додека делегат е Иван Долејс од Чешка.