Author: saso

Екс-тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, е голем фаворит за заменик на Маурицио Сари во Челзи, но само на почетокот на следната сезона. Вестите од Островот велат дека Италијанецот нема да ја преживее оваа сезона во Челзи и ќе мора да си замине. Самиот Зидан веќе добил понуда вредна 200 милиони фунти за да го преземе тимот, но засега нема договор. Во моментов, тимот е во катастрофална форма и многумина чекаат како е помине утрешното финале во лига Купот против Сити за да очекуваат и отказ за Сари.

Read More

Тренерот на Атлетико (М), Диего Симеоне, може да биде казнет за однесувањето на првиот натпревар од Лигата на шампионите против Јувентус при прославата на првиот гол. Според италијанскиот печат, УЕФА може да го санкционира Симеоне поради извештајот на судиите на натпреварот. Во исто време, во корист на Чиоло може да биде само фактот дека се извинил. Стратегот по мечот рече дека тоа го направил во афект поради наплив  на емоции.

Read More

Евертон ќе се обиде да го купи десниот бек на ПСЖ, Томас Муние во летниот трансфер период. Според англиски „Сан“, „карамелите“ сакаат да се засилат на десната странична позиција, а Муние би бил идеално име. Самиот Муние изјави дека ќе биде отворен да разговара за промена на клупската средина, ако не добива доволно шанси во ПСЖ. Од почетокот на сезоната тој добива доволно минутажа кај Тухел, но во неколку наврати изјавил дека не се чувствува особено удобно во француската престолнина и не е исклучено да смени клубот бидејќи има голема желба да заигра во Премиер лигата.

Read More

Спортското радио 90.3 фм, како единствено специјализирано спортско радио во регионот, денеска, 22 февруари одбележува уште една успешно завршена етапа од нашата мисија, да го доближиме спортот до сите генерации. Мала, но одбрана екипа, полна со ентузијазам за нови предизвици, пред 14 години го направи големиот чекор и успеа да заживее една нова традиција. Како единствено спортско радио во регионот, секојдневно се трудиме да го задржиме нашето место под медиумското небо, обезбедувајќи квалитетен аудио производ во симбиоза од спорт и популарна музика. Ова е просторот во кој многумина најдоа свој верен придружник во деновите кога се одигруваат најважните спортски настани…

Read More

Динамо Загреб на Аријан Адеми во осминафиналето на Лигата на Европа за противник го доби тимот на Бенфика. „Модрите” добија атрактивен, но и опасен противник, но ќе се обидат да направат уште едно изненадување. Челзи во оваа фаза за ривал го дони украински Динамо Киев, додека екипат ана Наполи ќе се сретне со Салцбург. Првите натпревари се закажани за 7 март, а реваншите ќе се одиграат на 14 март.

Read More

Денеска од 13 часот во Нион ќе се извлекуваат двојките за мечевите од осминафиналето во Лигата на Европа. Според информациите од Извршниот комитет на УЕФА, во оваа фаза руските тимови Зенит или Краснодар нема да можат да се сретнат со украински Динамо Киев. Освен овие тимови, сите останати ќе можат да играат меѓусебе во оваа фаза. Во осминафиналето на ЛЕ се најдоа: Севиља (Шпанија), Интер (Италија), Валенсија (Шпанија), Наполи (Италија), Челзи (Англија), Ред Бул Салцбург (Австрија), Арсенал (Англија), Динамо З. (Хрватска), Ајнтрахт (Германија), Виљареал (Шпанија), Славија (Чешка), Рен (Франција) и Бенфика (Португалија).

Read More

Хрватската ѕвезда од екипата на Реал (М), Лука Модриќ, ќе го продолжи договорот со тимот и на тој начин останува на Сантијаго Бернабеу и по завршувањето на тековната сезона, објави весникот „Марка“. Добро е познато дека Интер му понуди договор за да се преслеи во Милано, но освојувачит на „Златната топка“ за минатата година, најверојатно успеа да се договори за условите од соработката со Реал. Договорот меѓу двете страни има опција да се прошири и до крајот на сезоната 2020/2021, во зависност од тоа како ќе продолжи настапот на Хрватот во редовите на „кралскиот клуб“ следната сезона. По истекот на…

Read More

Генерален директор на Интер, Џузепе Марота, ги потврди преговорите со Диего Годин, дефанзивецот на Атлетико (М) и најави дека тие одат во одлична насока и наскоро се очекува да бид епотврден трансферот на фудбалерот за следната сезона. „Преговорите со Годин се во напредна фаза. Нема ништо повеќе што можам да го кажам од ова. Многу скоро ќе можеме официјално да го објавиме трансферот“, потенцирал Марота за италијанските медиуми. Претходно беше објавено дека Годин нема да го обнови договорот со Атлетико и ќе го напушти клубот како слободен агент. 33-годишниот Уругваец веќе се согласил со условите на договорот со Интер, па…

Read More

Раководството на Лестер може да го отпушти својот менаџер Клод Пјуел откако во последно време тимот се претставува катастрофално слабо и загуби четири од последните пет натпревари во Премиер лига. Според весниците, главен фаворит да го замени Французинот е Рафаел Бенитез, кој во моментов е на чело на Њукасл. Шпанскиот стручњак има договор со Њукасл до крајот на сезоната и се уште не е јасно дали ќе го обнови. Како опции за заменик на Клод Пјуел се споменуваат и Дејвид Вагнер и Брендан Роџерс.

Read More

Германската конфедерација за олимписки спортови (ДОСБ) ќе испрати свој тим на Европските игри во Минск 2019 година. Германија одлучи да не го бојкотира настанот во главниот град на Белорусија. Претседателот на ДОСБ, Алфонс Херман, призна дека организацијата размислува за бојкот во август минатата година, по серијата апсења на новинари во Белорусија. Белорускиот режим, предводен од претседателот Александар Лукашенко од 1994 година, беше обвинет за прогонство на невладините организации, независни новинари, национални малцинства и опозициски политичари. На Лукашенко му беше одбиена визата од Велика Британија за да присуствува на Олимписките игри во Лондон во 2012 година.

Read More