Генерален директор на Интер, Џузепе Марота, ги потврди преговорите со Диего Годин, дефанзивецот на Атлетико (М) и најави дека тие одат во одлична насока и наскоро се очекува да бид епотврден трансферот на фудбалерот за следната сезона.
„Преговорите со Годин се во напредна фаза. Нема ништо повеќе што можам да го кажам од ова. Многу скоро ќе можеме официјално да го објавиме трансферот“, потенцирал Марота за италијанските медиуми.
Претходно беше објавено дека Годин нема да го обнови договорот со Атлетико и ќе го напушти клубот како слободен агент. 33-годишниот Уругваец веќе се согласил со условите на договорот со Интер, па дури и бил подложен на медицински преглед, но сé уште транзицијата не е официјално потврдена.