И на вториот меч од групната фаза во ЕХФ Купот, ракометарите на Еурофарм Работник се поразени. Вечерва во Битола пред своја публика, еурофарм беше поразен од унгарска Татабања со 31:21. Домашните ракометари беа далеку од изданието со Хановер и уште во првото полувреме како да се предадоа. Негативата од првиот дел продолжи да расте во очајното второ полувреме во кое беше прашање само со колкава предност гостите ќе дојдат до победата. Остроушко беше прв стрелец со девет погодици од 12 обиди.
Author: saso
Фудбалерите на Шкендија славеа со 1:0 на дербито со Вардар на отворањето на пролетниот дел од домашната фудбалска сезона. Исто како на првиот натпревар во Скопје, и на денешниот дуел во Тетово имаше спорен момент. Денеска во Тетово при очигледна судиска грешка на Вардар не му беше признат чист погодок за израмнување. Домашните поведоа со голот на Имери во 23. минута, а со ударот на Најдобски во 40. минута Вардар требаше да израмни, но иако топката со цел обем ја мина гол-линијата судиите не го признаа погодокот. На останатите денешни дуели беа постигнати следниве резултати: ПМФЛ – 19. КОЛО (денеска,…
Ракометната федерација на Македонија денеска го одржа редовно годишно Собрание на кое ја презентираше својата богата, активна, квалитетна и транспарентна работа во изминатата година. РФМ е можеби единствената Федерацијата, која може да се пофали дека во изминативе 365 дена беше активна на сите полиња, како репрезентативно ниво, така и клупско. Од настап на машката сениорска репрезентација на Македонија на СП 2019 во Германија и Данска и учеството во квалификациите за ЕП 2020, преку добриот настап на женскиот национален тим на Медитеранските игри во Тарагона, а потоа и одличниот квалификациски турнир за СП 2019 во Скопје. Првиот човек на Федерацијата, Живко…
Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер откри дека во пресрет на дерби дуелите со Челзи и Ливерпул се соочува со сериозен проблем поради повредите на дел од стартерите во тимот. За време на натпреварот со ПСЖ во Лигата на шампионите, Солскјер мораше принудно да ги замени стартерите Ентони Марсијал и Џеси Лингард. И двајцата нема да можат да играат во следните две средби токму против Челзи и Ливерпул. „Не мислам дека ќе ги видиме во игра во следните два натпревари. Да се надеваме дека ќе се обноват брзо, но се чини дека се аут за 2-3 недели“, беше краткото…
Играчот од средниот ред на ПСЖ, Адриен Рабио ќе ги одбие Ливерпул, Арсенал и сите други клубови заинтересирани за негово моментов и ќе ја одбере Барселона како своја следна дестинација, тврди новинар близок до фудбалерот. Тој одби нов договор со Французите и практично ќе биде слободен агент на крајот на сезоната, а неговата желба е да замине на „Камп Ноу“ и да игра за шпанскиот колос со играчи како Лео Меси и Луис Суарез. Тој веќе го направил својот избор и ги информирал каталонците.
Ракометарите на Вардар денеска се пред нов предизвик во Лигата на шампионите. По победата на гостувањето кај Рајн Некар, денеска во Скопје гостува силниот Веспрем предводен од екс-вардарците Штербик и Манасков. Веспрем минатиот викенд ја совладаа Барселона која е лидер во групата и најверојатно ќе го задржи тоа место, а денеска во Скопје против Вардар се најдева на победа за превласт на 2. место на табелата. Билети за мечот одамна нема, што значи дека ова е уште еден комплетно распродаден меч на „црвено-црните“. Позитивна вест за Вардар за денешниот натпревар е враќањето на Борозан и Мораеш кои не играа извесен…
Кошаркарот на Кливленд, Џеди Осман на синоќешниот дуел меѓу тимот на САД и тимот на Светот во рамките на првиот ден од Ол-Стар викендот во НБА лигата, настапи со специјално дизајнирани патики, во боите на македонското и турското знаме. Кошаркарот кој е роден во Охрид, не сакаше да ги подели двете замји, бидејќи имаат специјално место во неговото срце. „Роден сум во Македонија, настапувам за репрезентацијата на Турција, па токму затоа сакав да ги ставам девете знамиња. Одлучив да ги претставам двете земји, бидејќи ме поддржуваат без разлика на сè“, рече Осман.
Големата млада ѕвезда на Борусија (Д), Џејдон Санчо следната сезона ќе се врати во својата земја. По фантастичните настапи во дресот на „милионерите“, Манчестер Ј. тргнува со полна офанзива за неговиот потпис, откако менаџерот Солскјер добил одврзани раце д апотроши и 75 милиони фунти за неговиот потпис. Претходно, Џејдон Санчо беше член на Манчестер Сити, но не можеше да се избори за место во тимот покрај жестоката конкуренција. Во Германија вече се зборува дека ако Манчестер Ј. решил да го купи, Борусија нема шанси да го задржи Санчо на „Сигнал Идуна Парк“.
Селекторот на нашата кошаркарска репрезентација, Јорданчо Давитков, денеска го објави списокот на кошаркари кои в понеделник треба да ги почнат подготовките за мечот со Романија во последниот натпревар во рамки на втората рунда од претквалификациите за Евробаскет 2021. Натпреварот ќе се одигра во спортската сала во градот Плоешти на 21. февруари со почеток во 19:00 часот. Давитков излезе со списокот на кошаркари кои треба да се појават в понеделник на првата прозивка закажана во 10:00 часот наутро. Војдан Стојановски Дамјан Стојановски Александар Костоски Дарко Соколов Бобан Стајиќ Андреј Магдевски Димитар Караџовски Марко Симоновски Стојан Ѓуроски Бојан Трајковски Љубомир Младеновски Бојан…
Ракометарите на Вардар во сабота со почеток од 17:30 часот го пречекуваат Веспрем во натпреварот од 12. коло од Лигата на шампионите. Во пресрет на мечот денеска на прес-конференција зборуваа тренерот Роберто Гарсија Парондо и капитенот Стојанче Стоилов. Позитивна вест за „вардарци“ е враќањето на Вуко Борозан и Рожерио Мораеш кои беа отсутни околу два месеци поради повреди. „Тежок меч, како и сите други во Лигата на шампионите. Имаме уште три натпревари до крајот на групната фаза, а Веспрем е еден тежок, незгоден ривал, со најдобар состав во Лигата на шампионите и голем потенцијал. Заради тоа мора да играме добро…
