Author: saso

Крилото на Вардар, Тимур Дибиров постигна седум гола од девет обиди и се најде во иделаниот тим на колото во ракометната Лига на шампиони. Рускиот интернационалец го предводеше тимот кон седмата победа сезонава со што Вардар останува во трка за второто место, а има и теоретски шанси да биде дури и првопласиран. Во изборот на најдобрите седум за 11 коло во ЛШ се најдоа: лево крило: Тимур Дибиров (Вардар) лев бек: Михал Јурецки (Кјелце) среден бек: Барис Пукхуски (Мотор) десен бек: Иван Сршен (Загреб) десно крило: Лук Абало (ПСЖ) пивотмен: Јан Колбахер (Рајн-Некар Левен) голман: Винсан Жерар (Монпелје)

Read More

Ракометарите на Вардар по победата над Рајн Некар, го имаат и еден од најубавите голови на колото во Лигата на шампионите. Истиот беше во режија на вардаровите ракометари, Игор Карачиќ и Даинис Криштопанс. Цепелинот на Карачиќ и Криштопанс се најде на четвртото место меѓу најдобрите голови на колото во Лигата на шампионите. Во продолжение можете да ги погледнете ТОП 5 головите за ова коло од ЛШ – ЛИНК.

Read More

Повредата на клучниот кошаркар на Бостон Селтикс, Кајри Ирвинг не е сериозна, и тој наскоро ќе се врати во составот на тимот, објавија од клубот. Ирвинг доби повред ана десното колено на мечот со екипат ана ЛА Клиперс и веднаш беше подложен на снимање, кое покажало дека има мало оштетување, но тоа нема да биде пречка за негово брзо враќање на паркетот.  Оваа сезона, играчот веќе пропушти 9 натпревари поради различни здравствени проблеми. Претходно, тој имаше неколку операции на левото колено.

Read More

Напаѓачот на Барселона, Луис Суарез откри дека каталонците имале потешкотии со комуникацијата на вчерашниот меч со Атлетик Билбао кој заврши без победник и без постигнат гол. „Се уште сме на врвот на табелата. Добро е што се уште имаме добра предност и тоа дека синоќа не загубивме”, прокоментирал Уругваецот. „Во првото полувреме имаше лоша комуникација меѓу нас на теренот и тоа е она што треба да се подобри. Лесно ја губевме топката затоа што не зборувавме меѓу себе. Треба да ја бараме топката почесто. Тоа се мали детали, но многу важни”, дополнил Суарез.

Read More

Менаџерот на Челзи, Маурицио Сари по вчерашниот дебакл на неговиот тим на гостувањето кај Манчестер Сити, вели дека неговата работа е “секогаш изложена на ризик”, па затоа не може да каже до кога ќе биде тренер на лондонските „сини“. Челзи го доживеа еден од своите најтешки порази во Премиер Лигата, што само дополнително ги подгреа страстите во јавноста. Запрашан дали се плаши за својата работа, Италијанецот рече дека секогаш постои притисок и ризик дека тој може да биде отпуштен. „Треба да го прашате клубот. Загрижен сум за мојот тим“, изјави Сари на прес-конференцијата. „Јас сум загрижен за изведбата, но мојата…

Read More

Ветеранот во светското скијање, Кјетил Јансруд, конечно, успеа да го освои првото злато од светските шампионати. Со извонредно возење, Норвежанецот триумфираше на денешниот спуст кој се возеше во рамките на светското превенство во шведски Оре. 33-годишниот Јансруд до првото злато од светските првенства дојде со време од 1:19.98 минути, оставајќи го зад себе својот сонародник Аксел Лунд Свиндал кој задоцни само 2 стотинки. Третото место и бронзениот медал отиде на градите на Австриецот Винсент Крихмаер за кого ова е веќе втор медал на ова СП, откако го освои среброто на трката во супервелеслалом.

Read More

Ракометарите на Еурофарм Работник вечерва (19.30 ч.) ги почнуваат настапите во ЕХФ купот во групната фаза со гостување кај екипата на Хановер. Бундеслигашот ќе ја има улогата на фаворит, но нашиот преставник мотивиран допатува во Германија. Битолскиот клуб вечерва ќе има поддршка од околу 200 Македонци од овој дел на Европа и ќе се обиде да го изненади бундеслигашот. Клучот веројатно е во одбраната. Еурофарм Работник е непоразен во текот на сезоната и вечерва има голем предизвик да ја продолжи серијата почната со доаѓањето на српскиот стручњак Чирковиќ.

Read More

Екипата на Палермо, во чии редовинастапуваат и македонските репрезентативци Алекс Трајковски и Илија Несторовски се соочува со голема финансиска криза и доколку до 15 февруари не најде решение, оди во стечај. Тимот е во сериозни финансиски потешкотии, а играчите не зеле плата за ноември и декември. Ако истите не бидат исплатени до средината на овој месец, клубот мора да објави стечај. Извршниот директор на Палермо, Емануеле Фачиле, води разговори со локалниот бизнисмен Рафаело Фолиери за продажба на клубот, но преговорите се прекинати, а според “Ла Република” нема ни да бидат обновени. Палермо има одлична сезона и се наоѓа на 2.…

Read More

Една од големите ѕвезди на Тотенхем, Кристијан Ериксен, го отфрлил последниот предлогот за нов договор од клубот. Данскиот репрезентативец има договор со Спарс за уште година и пол и упорно се зборува дека во текот на летото ќе го засили Реал (Мадрид), бидејќи Флорентино Перез одамна го посакува на „бернабеу“. Понудата на лондончани била за неделна плата во износ од 110.000 фунти, но тоа не им одговара на фудбалерот и на неговиот агент. Барселона исто така има интерес кон него и ќе се види кој ќе ја добие битката за неговиот потпис во текот на летото.

Read More

Аргентинскиот напаѓач од екипата на Јувентус, Пауло Дибала сака да го напушти клубот поради конфликт со тренерот Масимилиано Алегри. Веста ја објавија денеска повеќе италијански весници. Тренерот на Јуве, Алегри, отворено го критикувал аргентинскиот напаѓач дека се вратил во соблекувалната предвреме за време на натпреварот против Парма (3:3). Дибала се извини, но односот меѓу нив не е добар. Некои медиуми споменуваат дека на местото на Дибала, Јувентус веќе смета на Хамес Родригез.

Read More