Крилото на Вардар, Тимур Дибиров постигна седум гола од девет обиди и се најде во иделаниот тим на колото во ракометната Лига на шампиони. Рускиот интернационалец го предводеше тимот кон седмата победа сезонава со што Вардар останува во трка за второто место, а има и теоретски шанси да биде дури и првопласиран.
Во изборот на најдобрите седум за 11 коло во ЛШ се најдоа:
лево крило: Тимур Дибиров (Вардар)
лев бек: Михал Јурецки (Кјелце)
среден бек: Барис Пукхуски (Мотор)
десен бек: Иван Сршен (Загреб)
десно крило: Лук Абало (ПСЖ)
пивотмен: Јан Колбахер (Рајн-Некар Левен)
голман: Винсан Жерар (Монпелје)