Author: saso

Следната недела на 13 и 14 февруари, по 56. пат ќе се одржи „Мавровскиот меморијал“. Традиционалната нордиска манифестација и оваа година ќе опфати трки во машка и во женска конкуренција на 10 и 5 километри. Меѓу гостите ќе има натпреварувачи од 8 балкански земји и тоа: Бугарија, Грција, Турција, Србија, Црна Гора, БиХ, Хрватска и Унгарија. „Мавровскиот Меморијал е манифестација која ја промовира една од најубавите туристички атракции во нашата држава. И оваа година ќе се потрудиме да бидеме добри домаќини и да го направиме настанот еден од најдобро органзираните на Балканот. Ќе ја искористам приликата да ги поканам сите…

Read More

Поранешниот тренер на иранската фудбалска репрезентација, Карлос Кеироз, е назначен за нов селектор на националниот тим на Колумбија. Веста ја потврдија и двете страни, иако најавата стигна уште пред една недела. Во изминатите осум години, португалскиот експерт го предводеше Иран, со кого учествуваше на Светското првенство 2018 година, а настапи и на штотуку завршениот Азиски Куп. Претходно, Колумбија беше предводена од Хозе Пекерман, кој исто така одлучи да го напушти своето место по завршувањето на Светското првенство. Под негово водство, Колумбија стигна до осминафиналето на Мундијалот каде загуби од Англија.

Read More

Пад од три места за нашата фудбалска репрезентација на денеска објавената ФИФА Ранг листа. Од 68 место на кое ја завршивме 2018-тата, Македонија 2019-тата ја почнува на 71. Позиција. Нашата селекција уназадуваше за три места подоле иако не одигра ниту еден меч, но прогресот на дел од селекциите дојде по штотуку завршениот Азиски Куп. Нема промени меѓу првите 10, односно прва и натаму е Белгија, втора Франција, трет Бразил, а Хрватска на четвртото место. Петта светска селекција е Англија.

Read More

Борусија Дортмунд сака да го продолжи договорот на тренерот Лусиен Фавре. Ова го призната првиот човек на клубот, Ханс-Јоаким Вацке. Договорот на Швајцарецот е до летото 2020 година, но на стадионот “Сигнал Идуна Парк” се презадоволни од неговата работа, и покрај елиминацијата од Купот на Германија во вторникот. “Жолто-црните” водат со 7 бода пред Борусија Менхенгладбах и Баерн Минхен во Бундеслигата, а освен тоа се и во осминафиналето во Лигата на шампионите. „Логично е дека ќе разговараме со него за продолжување на договорот, бидејќи тој врши одлична работа. Одлично се разбираме и сакаме нашата заедничка работа да продолжи“, изјавил Вацке.…

Read More

Тренерот на Барселона, Ернесто Валверде објасни зошто го остави Лео Меси на клупата за вчерашниот прв полуфинален натпревар во Купот на Шпанија со Реал Мадрид. „Лео е добро, но претпочитавме да не преземаме ризици во ова време на сезоната и затоа тој остана на клупата. Имаше лесна непријатност, не беше целосно опоравен и затоа сметавме дека така ќе биде најдобро“, рече Валверде по нерешените 1:1 на “Камп Ноу”. „Ова беше тежок тест, бидејќи тоа е секогаш посебен натпревар. Ќе биде тешко, но веруваме на успех на гости“, вели Валверде за очекувањата од реванш средбата.

Read More

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, по секоја цена ќе го засили одбранбениот ред во текот на летото. Извори од клубот тврдат дека Германецот не може да се собере од гнев поради фактот дека неговиот тим водеше убедливо пред Манчестер Сити на табелата, а сега е во ситуација да се бори да се задржи на првото место по двата меча кои завршија без победник во последните две кола. Најголемиот проблем на Ливерпул во моментов е поврзан со многуте повреди во одбраната и недостигот на алтернатива во оваа зона. Затоа во тетниот трансфер период Ливерпул тргнува да купи уште еден одбрандбен игра.

Read More

Италијанецот Доминик Парис е победник на машкиот супервелеслалом на светското првенство во алпско скијање кое денеска продолжи во шведски Оре. Со време од 1:24,20 минути, Италијанецот успеа да го обезбеди првото злато од светските шампионати, откако во 2013 година успеа да го освои сребрениот медал на СП во Шладминг. Французинот Јоан Клари и Австриецот Винсент Крихмаер заостанаа идентични 9 стотинки и двајцата добија сребрени медали. Следната трка на СП е закажана за в петок кога на програмата ќе биде женската комбинација.

Read More

Вечерва (21 ч.) Барселона го пречекува Реал Мадрид во првиот полуфинален меч од кралскиот куп. Овие два тима немаат меѓусебен меч во Копа дел Реј од 2014 година, кога се сретнаа во финалето на „Местаља“, каде Реал славеше со 2:1. Од финалето пред пет години, каталонците воспоставија целосна хегемонија во ова натпреварување, кое го освојуваа во последните 4 сезони. Поради ова, и поради последниот натпревар меѓу Барса и Реал во Примера, денеска се очекува еден навистина жесток дуел. Ееванш натпреварот е на 27 февруари во 21 часот на “Сантијаго Бернабеу”. Победникот во финалето ќе се сретне со подобриот од дуелот…

Read More

По кусата зимска пауза и натпреварите на светското првенство, денеска ракометарите на Вардар (19 ч.) им се враќаат на настапите во Лигата на шампионите. „Црвено-црните“ му гостуваат на германски Рајн Некар во меч од 11. коло во групата „А“ во која Вардар е втор на табелата со 13 бода. Германците имаат бод помалку и ова ќе биде исклучително возбудлив меч во битка за што подобар пласман на крајот на групната фаза. Вардар на ова гостување змаина без триото Борозан, Мораеш, Горбок, но тренерот Парондо најави беспоштедна борба за победа. Во досегашните меѓусебни средби, Вардар победил 6 пати, еден меч завршил…

Read More

Германскиот шампион Баерн Минхен, има во план да го купи дефанзиваецот на екипата на Лајпциг, Дајо Упамекано кој пред извесно време беше поврзувн и со шпанскиот шампион Барселона. Договорот на 20-годишниот Французин со Лајпциг истекува летото 2021 година. Според вестите во германските меидуми, спортскиот директор на баварците Хасан Салихамиџиќ е импресиониран од квалитетите на Упамекано и ќе стори сé за да го донесе како засилување во одбраната за следната сезона. Моменталната цена на Упамекано е 30 милиони евра, но Баерн се надева дека со добри бонуси може да го добие играчот и за 25 милиони.

Read More