Пад од три места за нашата фудбалска репрезентација на денеска објавената ФИФА Ранг листа. Од 68 место на кое ја завршивме 2018-тата, Македонија 2019-тата ја почнува на 71. Позиција.
Нашата селекција уназадуваше за три места подоле иако не одигра ниту еден меч, но прогресот на дел од селекциите дојде по штотуку завршениот Азиски Куп.
Нема промени меѓу првите 10, односно прва и натаму е Белгија, втора Франција, трет Бразил, а Хрватска на четвртото место. Петта светска селекција е Англија.