Реал (М), по се изгледа, се откажа од идејата да го донесе во своите редови фудбалерот на Тотенхем, Кристијан Ериксен. Ова е одлична вест за Спарс, бидејќи тимот може да го убеди Данецот, конечно, да го потпише новиот договор со тимот. Досега, Ериксен не сакаше да стави параф на нова соработка со Спарс, откако Реал (М) најави дека го посакува како ново име во тимот за следната сезона. Со оглед на тоа што Реал, сепак, успеа да се договори со Модриќ за нова соработка, Ериксен веќе не е интересен за „кралскиот клуб“, кој следната сезона ќе му даде многу повеќе…
Author: saso
Милан постигнал договор со француска Ница за крилото Алан Сен-Максимин, кој треба да се пресели на “Сан Сиро” во текот на летото. Според медиумите блиски до клубот, двата тима имаат принципиелен договор за трансферот на 21-годишниот фудбалер, кој беше на чекор до потпишување на договор со “росонерите” уште минатиот месец, но на крајот зделката се одложи за по завршувањето на сезоната. Засега не се споменува трансферната сума, а Сен-Максимин е еден од најдобрите играчи на тимот од 2017 година, па досега. Тој беше сопственост на Монако, пред да се пресели во Ница каде го покажа сиот свој талент и квалитет.
Дефанзивецот Дани Алвеш може да се пресели во тимот на Манчестер Сити на крајот на оваа сезона, откако Пеп Гвардиола посакал повторно да работи со него. Бразилецот има договор со ПСЖ до крајот на сезоната и следната сезона е сосема веројатно да ја промени средината. И негова желба е да работи повторно со својот поранешен тренер од Барселона, па дури и се претпоставува дека двајцата веќе имале неколку неофицијални разговор. Прашање е само каков договор ќе му понуди Сити, со оглед на тоа што Бразилецот е веќе во залезот на кариерата.
Сестрите Илина (12) и Ева (8) Соколовски досега многу пати покажале дека се македонска гордост во Германија. Од натпреварите во ритмичка гимнастика освојуваат само први места, а тоа се случи и минатата недела, кога стартот на првенството го почнаа со златни медали. Во германскиот град Боркен се одржа државниот натпревар, на кој и Илина и Ева победија во своите категории. Илина, иако има 12 години од годинава се напреварува во професионалната категорија со натпреварувачки од 15 години, и успеја да ги победи. Во нејзината категорија се натпреваруваа вкупно 19 спортистки, кои Илина ги надмина со квалитетот во двата настапи, односно…
Ракометната Федерација на Македонија денеска информираше дека Раул Гонзалес повеќе не е селектор на машката сениорска репрезентација. Некогашниот тренер на Вардар и РФМ взаемно се спогодија да ја прекинат соработката. „Земајќи ја предвид потребата машката А-селекција да има стратег кој секојдневно ќе биде посветен и во тек со сите збуднувања поврзани со репрезентацијата, како и оддалеченоста и професионалните клубски обврски на досегашниот селектор, обете страни пријателски и фер се сложија околу прекинувањето на соработката“, се вели во известувањето од РФМ.
Македонската футсал репрезентација ја оствари целта и пласманот во втората фаза од квалификациите за светското првенство. Со победата над Албанија, синоќа, обезбедиме место во наредната рунда која не очекува во Украина, каде ќе се соочиме со Украина, Словенија и Косово. „Основната цел беше да ја поминеме групата и секако да бидеме први. Имавме доста проблеми со составот и со физичката подготвеноста на играчите. Вложивме многу труд и со голема пожртвуваност на играчите го исполнивме планот“, изјави по мечот за Спортското радио 90.3 фм, селекторот Иван Божовиќ. За решавачкиот меч со Албанија и тесната победа која ни обезбеди прво место, Божовиќ…
Напаѓачот на Тотенхем, Хари Кејн има најава дека одлично се опоравува и многу порано од планираното ќе се врати во составот на лондончани. 25-годишниот англиски голгетер бил подложен на медицински преглед, за време на кој се покажа дека има оштетување на лигаментите на скочниот зглоб. Медицинскиот персонал најави дека напаѓачот може да се врати на тренинзи не порано од почетокот на март, но сега стигнуваат нови вести. „Моето заздравување е добро. Следната недела ќе видиме што ќе покажат новите тестови. Сакам да почнам да вежбам со топката, а потоа ќе видиме како глуждот ќе одговори на тоа“, изјавил Кејн.
Легендарниот фински ски-скокач Мати Никекен, почина во 55. година од животот. Никенен беше четрикратен носител на златен олимписки медал од Игритe во Сараево 1984 и Калгари 1988 година и важеше за еден од најголемите ски-скокачи во историјата, починал рано утринава. Според известувањата на медиумите, Никекен во петокот имал настап со својот бенд и како и секогаш бил расположен. „Шоуто помина одлично, а Никенен ја имаше сетата таа позитивна енергија. Ова е голем шок за мене“, изјавила Еија Нутинене, сопственичката на ресторанот каде Мати и неговиот бенд настапувале пред само два дена. Причината за смртта засега не е позната.
Њу Ингланд Патриотс ја освоија својата шеста титула во НФЛ лигата, откако триумфираа рано утринава на 53. издание на популарниот Супер Боул. Во финалето одиграно во Атланта, „Патриотите” ги совладаа Лос Анџелес Ремс со 13:3 и вечната листа се израмнија со Питсбург Стилерс. Финалето беше подпросечно, што ги разочара големите фанови на спортскиот и телевизиски спектакл во САД. Ова беше финале со најмалку поени и возбудувања. Малку повеќе атракција имапе во зваршните 10-тина минути, но и тие не успеаја да го поправат впечатокот. На полувреме резултатот беше 3:0, по што Ремс успеаја кон крајот на третиот период да израмнат за…
Арсенал исто така се вклучи во наддавањето за потписот на Адриен Рабио од ПСЖ. Како што е познато, играчот од средниот ред на францускиот првак станува слободен агент на крајот од сезоната и многу тимови се интересираат за него. Менаџерот на Арсенал, Унаи Емери изјави дека сака да добие можност да го има Рабио повторно во својот тим, но се останува на тоа како ќе се движат преговорите на Французинот и со другите заинтересирани клубови. Барселона се смета за големиот фаворит за неговиот потпис, но Рабио води разговори и со други клубови, меѓу кои Баерн Минхен, Ливерпул и Тотенхем.
