Реал (М), по се изгледа, се откажа од идејата да го донесе во своите редови фудбалерот на Тотенхем, Кристијан Ериксен.
Ова е одлична вест за Спарс, бидејќи тимот може да го убеди Данецот, конечно, да го потпише новиот договор со тимот. Досега, Ериксен не сакаше да стави параф на нова соработка со Спарс, откако Реал (М) најави дека го посакува како ново име во тимот за следната сезона.
Со оглед на тоа што Реал, сепак, успеа да се договори со Модриќ за нова соработка, Ериксен веќе не е интересен за „кралскиот клуб“, кој следната сезона ќе му даде многу повеќе шанси и на младиот Дани Себаљос.