Author: saso

Реал (М) планира да испрати понуда во висина од 100 милиони фунти за напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд, тврди весникот “Сан”. Според изданието понудата од “кралевите” за англискиот репрезентативец ќе стигне по завршувањето на сезоната, бидејќи клубот сака да има предност во битката за младиот фудбалер, кој не престанува да восхитува под раководство на Оле Гунар Солскјер. Од Јунајтед пак се надеваат дека ќе успеат д апотпишат нов долгорочен договор со голгетерот и на тој начин да ги оттргнат рацете на заинтресираните клубови за него.

Read More

Тренерот на Јувентус, Масимилиано Алегри, изјави дека не е шокиран од поразот кај Аталанта во четврфиналето на Купот на Италија. “Старата дама” одигра и втор слаб меч за една недела, а во Бергамо немаше среќа како на гостувањето кај Лацио. Според Алегри, незамисливо е да се очекува Јувентус да победи на секој натпревар оваа сезона. „Сакавме да победиме и петти пат по ред да го освоиме Купот, но Аталанта одиигра многу силно и им честитаме. Ништо драматично не се случило. Искрено, овој пораз нема да промени ништо. На теренот имавме играчи кои се враќаа по повреди, други пак не играа…

Read More

Тренерот на Челзи, Маурицио Сари, ја оцени играта на својот на мечот против Бурнемут како криза на психолошки план. „Имаме психолошки проблеми. Мислевме дека веќе го имаме нашиот стил на играта, но тоа не е така, па сега ги плаќаме последиците. Игравме добро во првата половина од мечот, но примивме гол веднаш по паузата. После тоа, престанавме да играме како тим, одејќи на поединечни акции. Не разбирам зошто се случи ова, бидејќи имавме уште 45 минути. Можевме да ја поправиме ситуацијата ако постапивме поинаку“, изјави Сари.

Read More

ПСЖ не се откажува од идејата и во последниот ден од преодниот рок да се обиде да го купи крилото на Челзи, Вилијан. Според извор од францускиот клуб, денеска засилено ќе се работи на реализација на трансферот. Во името на Вилијан, парижани гледаат замена за неговиот сонародник Нејмар, кој поради повреда, два и пол месеци ќе остане без фудбал. 30-годишниот Вилијан се пресели во Челзи летото 2013 година, а годинава и не е прв избор на новиот менаџер Сари. Останува да се види дали „сините“ воопшто ќе сакаат да учествуваат во некакви преговори за негов трансфер.

Read More

Откако успешно ги заврши лекарските прегледи во Катар, Аргентинецот Леандро Паредес денеска го потпиша договорот со екипата на ПСЖ. Аргентинецот се сели во Франција од екипата на Зенит, каде настапуваше изминатиов период. „Многу сум горд што ќе бидам дел од ПСЖ. После моите претходни искуства во Италија и Русија, сега имам фантастична можност, не само да откријам нова лига, туку над се да го носам еден од најпрестижните дресови во светот”, рече 24-годишниот Паредес.

Read More
NBA

Кошаркарите на шампионот Голден Стејт синоќа како гости без поголеми проблеми ја совлада Индијана со 132-100 и стигнаа до 36. победа сезонава. Предводени од одличниот Стеф Кари кој постигна 26 поени, „Воините“ продолжуваат да ја предводат листата на најдобрите тимови на Западот. Покрај Кари одличен меч одигра и ДеМаркус Казинс, кој постигна 22 поени, додека кај домашните, Богдановиќ постигна 15 поени. Денвер на гостувањето кај Мемфис славеше со 95-92, а уште еден добар натпревар одигра Никола Јокиќ, кој постигна 24 поени и пет скокови. Победи обезбедија и Шарлот кој беше подобар од Њујорк со 101-92, Бостон кој го совлада Бруклин…

Read More

Болоња и официјално ја објави својата одлука да го разреши досегашниот тренер Филипо Инзаги и на негово место да го постави српскиот стретег Синиша Михајловиќ. Михајловиќ потпиша договор до крајот на сезоната со можност за продолжување за уште една година. Сепак, тој дел ќе биде активиран само ако Болоња успее да опстане во Серија А и следната година. 49-годишниот стратег се враќа на “Ренато Дал’Ара” откако беше на чело на тимот во сезоната 2008-09, но успеа да ја заврши сезоната до крај.

Read More

Антонио Конте може да го преземе тимот на Интер на крајот на сезоната, објавија италијанските медиуми. Тој веќе имал неколку одвоени средби со преставници на Интер на кои разговарал како можен заменик за Лучијано Спалети. Според информациите до кои дојдоа италијанските медиуми, промената ќе се случи на крајот на сезоната, без разлика каков ќе биде настапот на „нероаѕурите“ под водство на Спалети до крајот на првенството. Раководството на клубот е несреќно што тимот не ја помина групата во Лигата на шампионите, што беше главна цел пред тимот оваа сезона. Конте последен пат работеше како менаџер на Челзи.

Read More

Откако ја одби понудата на Тотенхем, а со Барселона работите се изјаловија, младиот фудбалер на ПСЖ, Адриен Рабио очекува понуда од Ливерпул. Според извори блиски на фудбалерот, тој впрочем и ја одбил понудата на Тотенхем, затоа што сака да заигра за „црвените“ на Клоп. Дел од француските медиуми велат дека ПСЖ ја прифатил понудата од 23 милиони евра кои за Рабио ја понуди Тотенхем, но фудбалерот не се согласил на овој трансфер. Сега останува да се почека новата понуда и дали конечно сагата за иднината на Рабио ќе заврши пред крајот на зимскиот преоден рок.

Read More

Раководството на Манчестер Јунајтед ќе му предложи нов договор за крилото Хуан Мата. Понудата на Шпанецот треба да му овозможи договор на уште една година. Тековниот договор на играчот истекува на крајот од сезоната кога станува слободен агент, доколку не ја прифати понудата на „Црвените Ѓаволи“. Лично, менаџерот Оле Гунар Солскјер ја објави желбата да го задржи Мата во својот состав. Преговорите меѓу двете страни почнаа уште кон крајот на минатата година, но засега нема информација дека има некаков напредок. Главната причина е тоа што Мата сака подолг договор од една година, додека шефовите на тимот му нудат само договор…

Read More