ПСЖ не се откажува од идејата и во последниот ден од преодниот рок да се обиде да го купи крилото на Челзи, Вилијан. Според извор од францускиот клуб, денеска засилено ќе се работи на реализација на трансферот.
Во името на Вилијан, парижани гледаат замена за неговиот сонародник Нејмар, кој поради повреда, два и пол месеци ќе остане без фудбал.
30-годишниот Вилијан се пресели во Челзи летото 2013 година, а годинава и не е прв избор на новиот менаџер Сари. Останува да се види дали „сините“ воопшто ќе сакаат да учествуваат во некакви преговори за негов трансфер.