Author: saso

Ракометната репрезентација на Данска е нов светски шампион. На првенството кое заврши на нивен терен во Хернинг, Данците ја „сомлеа“ селекцијата на Норвешка со 31.22 и за првпат во историјата се искачија на светскиот ракометен трон во машка конкуренција. Титулата за Данска дојде со една фантастична игра во сите 60 минути, не оставајќи им ниту грам надеж на противниците дека можат да изнеандат. Данците во четвртиот обид дојдоа до светското злато, единственото кое им недостасуваше во нивната историја со оглед на тоа дека имаат две европски титули, а се и актуелни олимписки шампиони.

Read More

Наоми Осака е годинешна победничка на првиот Грен Слем турнир, Австралија Опен. Во финалето Јапонката ја совлада чешката тенисерка Петра Квитова со 2:1 по сетови 7:6 (7:2), 5:7, 6:4. Осака до својата втора титула од големите турнири стигна по голема борба која траеше два и пол часа. Првиот сет го реши во своја корист со подобра игра во тај-брејкот кој го доби со 7:2. Квитова успеа да и направи брејк на противнички сервис веќе во вториот сет, но Јапонката од 0:2 успеа да се врати и да поведе со 4:2. Вистинска драма беше видена во десеттиот гејм кога Јапонката сервираше…

Read More

Играчот од средниот ред на Зенит, Леандро Паредес, денеска пристигна во Париз, за ​​да потпише договор со ПСЖ. Во пресрет на потпишувањето, аргентинскиот фудбалер ги помина медицинските тестови во Доха. Според извори од клубот, Паредес ќе потпише договор со парижани на 4,5 години. Износот на трансферот ќе биде 40 милиони евра, а 5 милиони евра ќе бидат исплатени и како бонуси. 24-годишниот Паредес се пресели во Зенит летото 2017 година од Рома. Трансферот изнесуваше 23 милиони евра.

Read More

Интер е подготвен да се раздели со хрватскиот играч од средниот ред Иван Перишиќ. Според весниците, италијанскиот клуб го стави хрватскиот фудбалер на листата за продажба и планира да добие околу 40 милиони евра од неговото заминување. Интер ја разгледува можноста веднаш на негово место да го донесе играчот од средниот ред на кинески Далиан, Јаник Фереира Караско. Претходно, 25-годишниот белгиски фудбалер изрази желба да го напушти кинеското првенство и да се врати во Европа.

Read More

Вест Хем потврди дека проблемот со Марко Арнаутовиќ е стабилизиран и фудбалерот ќе остане во екипата до крајот на сезоната. И покрај сите проблеми кои се појавија со неговата желба да оди во Кина, двете страни очигледно најдоа заеднички јазик и Австриецот ќе ја заврши сезоната кај „чеканите“. „Не е тајна дека имав понуда за мене и морам да признаам дека дека истата беше примамлива за мене и за моето семејство. Отсекогаш давав 100% за мојот тим, но требаше да разговарам со клубот и со моите роднини. Но сега одлучив да престанам да шпекулирам. Јас сум професионален фудбалер и морам…

Read More

Вториот домаќин на светското првенство во ракомет, селекцијата на Германија, не успеа да и се приклучи на Данска во големото финале, откако вечерва во Хамбург претрпе пораз од селекцијата на Норвешка со 30:25. За првпат во историјата на Мундијалите ќе гледаме скандинавско финале во битка за светскиот ракометен трон. Најефикасни во германскиот табор беа Гензхајмер со седум и Бем со шест гола, а кај Норвешка се истакнаа Род со 7, Мирхол и Сагосен со по 6 погодоци. Финалниот дуел се игра в недела, додека за утре се закажани натпреварите за пласман од 5 до 8 место.

Read More

Актуелниот светски шампион Франција загуби од селекцијата на Данска во првото полуфинале на СП и не успеа да се пробие до мечот кој значи можност за одбрана на тронот. „Триколорите“ кои беа светски шампиони од последните две изданија, денеска одиграа очаен меч и загубија убедливо со 38:30. Данска умешно ја користеше секоја шанса во нападот, а со брзата и подвижна одбрана им оставаше малку простор на „триколорите“ за чисти погодоци. На полувреме се замина со предност за скандинавците од 21:15, а истата продолжи да се зголемува и во второто полувреме. На крајот Данска славеше со 8 гола разлика и сега…

Read More

Агенцијата за млади и спорт заедно со Министерството за внатрешни работи започна медиумска кампања за подигнување на свеста кај младите луѓе за говорот на омраза како еден вид на насилство кое што често може да повреди посилно дури од физичкото насилство и да остави тешки психички последици. Насловот на медиумската кампања „Насилството раѓа насилство – сопри го, не го разгорувај“ ќе ги разбуди младите и ќе прати јасна порака за зголемување на одговорноста за последиците од навредливите и невкусни содржини искажани кон друг. Исто така, со оваа кампања ќе се испрати и порака низ спортските арени во нашата држава, каде…

Read More

Д-р Небојша Настов, претседател на Здравствената комисија на МОК, од страна на Управниот одбор на Европскиот олимписки комитет (ЕОК) е избран за член на Здравствената комисија на ЕОК. Настов е назначен и за „Главно медицинско одговорно лице“ за Европските младински Олимписки игри, Олимписки фестивал кој ќе се одржи во Сараево (9-16 Февруари 2019), а воедно тој ќе биде и надлежен за допинг контролата на младите спортисти на овие игри. Инаку, следниот состанок на Здравствената комисија на ЕОК ќе се одржи во Скопје, во септември 2019 година.

Read More

Рафаел Надал одигра фантастичен меч и обезбеди финале на првиот Грен Слем турнир, Австралија Опен. Шпанецот денеска го совлада младиот Грк Стефанос Циципас во првото полуфинале од Австралија Опен. Шпанскиот тенисер со 3:0 по сетови (6:2, 6:4, 6:0) без проблем го реши натпреварот и сосема заслужено обезбеди финале, каде за противник ќе го очекува победникот од утрешниот дуел меѓу Новак Ѓоковиќ и Французинот Лук Пуј.

Read More