Во пресрет на завршните натпревари на СП во ракомет, листата на најдобри стрелци ја предводи „бомбардерот“ на репрезентацијата на Данска, Микел Хансен, кој досега на шампионатот постигна 53 гола. На второто место е шпанскиот ракометар Соле со 51, додека ТОП 3 листата на најдобри голгетери ја заокружува нашиот Кире Лазаров со 48 постигнати гола. Норвежанецот Еспер Кристенсен и натаму ја предводи листата на најдобрите голмани на ова СП. Кристенсен во досегашните настапи за Норвешка има просек од 42% одбранети удари. Второто место е за голманот на репрезентацијата на Шведска, Апелгрен со 40% успешност на одбранети удари, колку што има и…
Author: saso
Навивачите на ПСЖ со нетрпение ги исчекуваат клупските вести за повредата на ѕвездата на тимот Нејмар. Бразилецот се повреди на синоќешниот куп меч со Стразбур, но засега нема конкретни информации за тежината на неговата повреда. Минатата сезона тој не играше прилично долго време поради фрактура на метатарзална коска, а сега повторно има сомневање дека станува збор за иста или слична повреда. Тренерот Томас Тухел потврди дека напаѓачот отишол во локалната болница за испитувања, плашејќи се дека повредата е сериозна. Неколку часа подоцна, клубот потврди дека има проблем со петтата метатарзална коска на десната нога, но не прецизирал колку долго Нејмар…
Раководството на Монако е на пат да направи исклучително чудна рокада на тренерската позиција и да го врати тренерот кој го „избрка“ пред само неколку месеци. Управат ана тимот од кнежевството е решена да се збогува со сегашниот тренер Тиери Анри и да го врати поранешниот тренер на тимот Леонардо Жардим, кој беше отпуштен пред неколку недели и во моментов се уште е без работа. Под раководство на легендарниот напаѓач, Монако не успеа да излезе од кризата, а ситуацијата на стадионот Луис II е трагикомична.
Интер оствари интензивни разговори со раководството на Саутемптон за да го купи десниот бек Седрик Соарес. Италијанските медиуми тврдат дека Португалецот кој има 18 натпревари за англискиот тим оваа сезона, ќе биде еден од столбовите на играта во одбраната. Тимот од Милано имаше голем интерес за Матео Дармиан, но тој ќе се пресели во редовите на Јувентус. Засега разговорите се уште течат и останува да се договорат деталите од евентуалниот трансфер.
Чешката тенисерка Петра Квитова и Јапонката Наоми Осака ќе играат во финалето на првиот Грен Слем турнир оваа сезона Отвореното првенство на Австралија. Шестата тенисерка на светот, со 2:0 во сетови (7:6, 6:0) успеа да ја совлада Дениел Роуз Колинс од САД и со тоа да обезбеди место во мечот за првиот голем трофеј во новата година. Осака потоа спречи во финалето да се сретнат две чешки тенисерки, откако беше подобра од Каролина Плишкова. Славеше со 2:1 во сетови (6:2, 4:6, 6:4). Финалето во женскиот сингл ќе се игра в сабота во Мелбурн. Квитова и Осака досега не се сретнале…
Некогашната ѕвезда на Тотенхем, Милан и Шалке, Кевин-Принс Боатенг, веќе е во Барселона каде наскоро треба да ја потврди позајмицата во каталонскиот гигант. Како што објавија и италијанските и шпанските медиуми, Боатенг е на чекор од сензационално враќање во Шпанија, каде претходно настапуваше и за екипата на Лас Палмас. Кевин-Принс ќе биде со статус на позајмен играч на „Камп Ноу“ до крајот на сезоната, а во договорот со Сасуоло ќе има и опција за евентуално откупување на договорот. Валверде верува дека Боатенг е токму профилот на играч кој во моментов му е неопходен за да ја заврши успешно сезоната. Од…
Италијански Милан, наводно, е блиску до договор вреден 10 милиони евра со крилниот фудбалер на белгиски Бриж, Арнаут Данџума Гроенвелд. Според информациите во италијанските медиуми, тој сепак, нема да дојде на „Сан Сиро“ оваа зима, туку на лето. Директорот на „росонерите“ Леонардо се наоѓа во напредни преговори со белгискиот клуб и наскоро се очекува формализирање на деталите. Гроенвелд ќе остане во Бриж до крајот на оваа сезона, најмногу поради тоа што е повреден од средината на октомври. Бриж го донесе од НЕЦ Нијмеген за само 1 милион евра во јули 2018 година.
Реал Мадрид постигна договор со Порто за трансфер на дефанзивецот Едер Милитао и за него ќе плати 50 милиони евра. Сепак, трансферот ќе стане официјален дури по завршувањето на сезоната. Милитао одамна е на радарот на Реал, затоа што освен како централен дефанзивец може да игра и како дефанзивен играч за врска, а освен тоа веќе е и репрезентативец на Бразил. Во Порто се пресели од Сао Паоло минатото летото и за кратко време успеа да импресионира со настапите за тимот. Оваа сезона фудбалерот има 15 натпревари во португалскиот шампионат и 5 во Лигата на Шампионите.
Јувентус го договорил доаѓањето на дефанзивецот на Манчестер Јунајтед Матео Дармиан и тоа на позајмица до крајот на сезоната, со опција за перманентен договор. „Старата Дама“ подолго време пројавува интерес за дефанзивецот, но на крајот се одлучи да почека со негово купување. Најверојатно Јуве ќе мора да издвои сума од 3 милиони евра за Дармиан, а ако се решат да го купат на лето ќе мора да извадат дополнителни 8 милиони евра. Договорот на Дармиан со Манчестер Ј. е до 2020 година.
ПСЖ го делат часови од финализација на трансферот на младата ѕвезда на холандски Ајакс, Френки де Јонг. Французите веројатно ја добија битката со Барселона и Манчестер Сити за потписот на младиот фудбалер. Според информации од проверени извори до кои дојдоа некои медиуми, следната фаза од преговорите ќе се одржи во петок и тогаш практично ќе има детали за финалната одлука. Многумина сметаат дека де Јонг уште овој јануари ќе се пресели во париз. Ајакс за него бара 75 милиони евра, а ако договорот со ПСЖ стане факт тој ќе парафира договор на 5 години.
