Во пресрет на завршните натпревари на СП во ракомет, листата на најдобри стрелци ја предводи „бомбардерот“ на репрезентацијата на Данска, Микел Хансен, кој досега на шампионатот постигна 53 гола. На второто место е шпанскиот ракометар Соле со 51, додека ТОП 3 листата на најдобри голгетери ја заокружува нашиот Кире Лазаров со 48 постигнати гола.
Норвежанецот Еспер Кристенсен и натаму ја предводи листата на најдобрите голмани на ова СП. Кристенсен во досегашните настапи за Норвешка има просек од 42% одбранети удари. Второто место е за голманот на репрезентацијата на Шведска, Апелгрен со 40% успешност на одбранети удари, колку што има и голманот на Хрватска Стевановиќ.
