Навивачите на ПСЖ со нетрпение ги исчекуваат клупските вести за повредата на ѕвездата на тимот Нејмар. Бразилецот се повреди на синоќешниот куп меч со Стразбур, но засега нема конкретни информации за тежината на неговата повреда.
Минатата сезона тој не играше прилично долго време поради фрактура на метатарзална коска, а сега повторно има сомневање дека станува збор за иста или слична повреда.
Тренерот Томас Тухел потврди дека напаѓачот отишол во локалната болница за испитувања, плашејќи се дека повредата е сериозна. Неколку часа подоцна, клубот потврди дека има проблем со петтата метатарзална коска на десната нога, но не прецизирал колку долго Нејмар ќе биде на рехабилитација.