Интер оствари интензивни разговори со раководството на Саутемптон за да го купи десниот бек Седрик Соарес. Италијанските медиуми тврдат дека Португалецот кој има 18 натпревари за англискиот тим оваа сезона, ќе биде еден од столбовите на играта во одбраната.
Тимот од Милано имаше голем интерес за Матео Дармиан, но тој ќе се пресели во редовите на Јувентус. Засега разговорите се уште течат и останува да се договорат деталите од евентуалниот трансфер.