Author: saso

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед инсистираат пред раководството на тимот да најде начин како да го задржи Оле Гунар Солскјер на менаџерското место во тимот и по завршувањето на тековната сезона. Норвежанецот успеа да ги врати во живот “црвените ѓаволи”, откако го презеде тимот, а екипата во моментов се наоѓа во најдобра форма од сите тимови во Премиер лигата. Тимот полека почна да го напаѓа 4. место на табелата што и натаму останува главен приоритет на клубот оваа сезона. Фудбалери велат дека се импресионирани не само од методите на работа на нивниот нов тренер, туку и од неговиот став кон себе.…

Read More

Денеска Филип Талески одигра многу подобро во нападот отколку на последните две средби. Постигна 4 гола, но не успеавме да дојдеме до победата која ќе не однесеше во следната фаза. „После подолг период не ја минуваме таа прва фаза. Се боревме до последна минута, но можеби среќата, па и судиите не беа на наша страна. Имаше некои судиски грешки кои не извадија од колосек, но сами сме виновни. Сепак, ако ја гледаме целата ситуација мислам дека заслужено загубивме”, рече младиот Талески.

Read More

Капитенот на нашата репрезентација, Кире Лазаров, по поразот од селекцијата на Исланд, отворено пред новинарите со свое видување и за вечерашниот меч и за настапот на Мундијалот. „Видовме еден квалитетен Исланд, севкупно не се посрамотивме во ниту еден меч на СП. Сите си рековме дека имавме среќна ждрепка, силно посакувавме да бидеме во главната фаза, но ете не успеавме. Полека почнува да се крои нова генерација, деца кои влетаа во последен момент, со никакво искуство. Можеби 1-2 натпревари со цел да се добие на искуство како што поминува времето ќе биде добредојдено за нив. Сите навистина сакавме да бидеме во…

Read More

Македонската ракометна репрезентација не успеа да обезбеди место во главната рунда на Светското првенство во Германија и Данска. Во последниот меч од нашата група, вечерва во Минхан, избраниците на Раул Гонзалес беа поразени од Исланд во најважниот меч со 24:22. Иако имавме два гола предност во првиот дел по бодството од 13:11, во второто полувреме тотално потфрливме. Им дозволивме на противниците да се разиграат, да дојдат до два гола предност и потоа континуирано да ја оддржуваат разликата до крајот. За Македонија следните настапи чќе бидат во т.н.  Президент Куп, каде ќе се бориме за пласман од 13 до 24 место.…

Read More

Македонската одбојкарска репрезентација вечерва од 18:30 часот на ждрепката во Брисел ќе ги дознае противниците на европското првенство кое ќе се одржи од 12 до 29 септември годинава. Македонија е во четвртиот шешир од каде ќе очекува по еден противник од преостанатите шест шешири. Домаќините на ова ЕП: Франција, Белгија, Словенија и Холандија веќе ги заземаа своите места во секоја од четирите групи и чекаат ривали од преостанатите пет шешири. Во првиот се: Русија, Србија, Полска и Италија, потоа во вториот: Бугарија, Германија, Финска, Чешка, а во треиот: Естонија, Словачка, Турција, Португалија. Македонија е во ист шешир со Шпанија, Украина…

Read More

Екипата на Спортското радио 90.3 фм во Минхен денеска во посета и на „Алијанц Арената“ и клупските простории на Баерн (М). Во деновите на ракометно уживање, подготовка и за вториот дел од сезоната во Бундеслигата.

Read More

Утринава фудбалерите на Вардар заминаа на подготовки во Турција. „Вардарци“ попладнево ќе отседнат во Аланија и хотелот „Сентидо Нума Беј“ ќе биде „базата“ на Вардар во Турција. Вардаровата експедиција останува во Аланија до 4. февруари, за кога е предвидено враќањето во Скопје. Таму ќе бидат одиграни седум контролни натпревари, од кои четири се веќе закажани. На 19 јануари, првиот „тест“ за Вардар ќе биде тимот на Иртиш Павлодар, а три дена подоцна ќе ги одмери силите со Сумгавит од Азербејџан. На 28 јануари ќе се игра против Александрија од Украина, а на 2. февруари следува дуел со Черно Море. Ќе…

Read More

Артур Брунер и Морад Салах од Швајцарија ќе бидат судии на вечерашниот меч меѓу Македонија и Шпанија. Ова е нивни трет меч на Мундијалот во Данска и Германија 2019. Претходно судеа уште два меча од нашата група, во победата на Хрватска против Јапонија (35:27) и триумфот на Исланд над Бахреин (36:18). Трета обврска на СП ќе имаат и Ѓорѓи Начевски и Славе Николов, од 15:30 часот во Копенхаген ќе делат правда на средбата Ангола-Аргентина.

Read More

Атлетико (М) се уште не може да постигне договор со Челзи во врска со трансферот на напаѓачот Алваро Мората во зимскиот трансфер прозорец. Според „Дејли Меил“, шпанскиот клуб сака да го изнајми 26-годишен фудбалер само до крајот на оваа сезона, а Челзи пак во исто време се согласува само за продажба. Претходно во медиумите беше објавено дека самиот Мората е подготвен да замине во Шпанија, дури и со намалување на платата. Мората во Челзи моментално имал плата во износ од 9 милиони евра.

Read More

Италијанскиот шампион Јувентус е подготвен да направи конкретен чекор за купување на уште една од ѕвездите на Реал Мадрид. Станува збор за носителот на „Златната топка“, Лука Модриќ. Јуве планира да му понуди тригодишен договор со опција за продолжување на уште една година, што веројатно ќе биде одлична мамка за Модриќ и неговиот агент да инсистираат на заминување во Италија. Хрватот сака да го напушти Бернабеу, а следново лето е веројатно дека патиштата со Реал (М) ќе им се разделат. Торинци се подготвени да го ангажираат со договор на долго време иако тој веќе има скоро 34 години.

Read More