Артур Брунер и Морад Салах од Швајцарија ќе бидат судии на вечерашниот меч меѓу Македонија и Шпанија. Ова е нивни трет меч на Мундијалот во Данска и Германија 2019.
Претходно судеа уште два меча од нашата група, во победата на Хрватска против Јапонија (35:27) и триумфот на Исланд над Бахреин (36:18).
Трета обврска на СП ќе имаат и Ѓорѓи Начевски и Славе Николов, од 15:30 часот во Копенхаген ќе делат правда на средбата Ангола-Аргентина.