Фудбалерите на Манчестер Јунајтед инсистираат пред раководството на тимот да најде начин како да го задржи Оле Гунар Солскјер на менаџерското место во тимот и по завршувањето на тековната сезона.
Норвежанецот успеа да ги врати во живот “црвените ѓаволи”, откако го презеде тимот, а екипата во моментов се наоѓа во најдобра форма од сите тимови во Премиер лигата. Тимот полека почна да го напаѓа 4. место на табелата што и натаму останува главен приоритет на клубот оваа сезона.
Фудбалери велат дека се импресионирани не само од методите на работа на нивниот нов тренер, туку и од неговиот став кон себе. Нема тензии, а тимот на крајот успева да покаже што може најдобро и во нападот и во одбраната.
Норвежанецот има договор до лето, но не чудо да остане на кормилото и следната сезона.