По победата над селекцијата на Јапонија, селекторот на хрватската репрезентација, Лино Червар, зборуваше и за очекувањата од утрешниот дуел против нашата селекција. „Мислам дека немаме време за одмор, утре имаме тежок противник. Тоа се играчи кои јас сум ги тренирал, Сите ќе бидат жедни и гладни да не победат што е сосема спортски и јас искрено многу ги ценам играчите на Македонија. Тоа е навистина репрезентација која добро ја знам, која во последните години направи голем прогрес. Македонија е мојата втора татковина и таму ракометот е прв спорт. Таа веројатно е првата земја во европа каде ракометот е прв спорт.…
Author: saso
Настапот на Нејмар на натпреварот против Амиен од Лига 1 закажан за денеска, е неизвесен. Бразилецот во петокот прерано го напушти тренингот на ПСЖ, поради повреда. Напаѓачот постигна гол во шокантниот пораз од Гингамп на домашен тере во Лига Купот на Франција одигран пред неколку дена. На листата на неизвесни за дуелот со Амиен е и Килиан Мбапе, кој чувствува замор.
Ако Интер не успее да го задржи Мауро Икарди во својот тим, на лето тргнува во поход на Пауло Дибала од Јувентус. Вакви вести доаѓаат денеска од Апенините. Преговорите за продолжување на договорот на Икарди со Интер се замрзнати, откако двете страни не успеваат да се договорат околу висината на платата која Аргентинецот би ја добивал со новиот договор. Тој се уште има важечки договор со Интер до 2021 година, но миланскиот тим сака да се ослободи од можноста Икарди предвреме да ги напушти. Цената пак на Дибала се движи околу 100 милиони евра, која нема да биде проблем да…
Шкотскиот тенисер Енди Мареј утрово на емотивна прес-конференција најави дека планира да се повлече од тениските терени по одржувањето на годинешниот Вимблдон, но стравува дека нема да го дочека тој настап и дека можеби Отвореното првенство на Австралија ќе му биде последен турнир. Трикратниот грен слем победник, кој тешко заздравува од операцијата на колкот, се расплака на денешната прес-конференција во Мелбурн. „Не сум сигурен дали со овие болки ќе можам да продолжам. Сакам да играм на Вимблдон, па да се повлечам, но не сум сигурен“, низ солзи зборуваше 31-годишниот Мареј.
Македонската судиска двојка, Славе Николов и Ѓорѓи Начевски, денеска исто така го започнува својот настап на СП во Германија и Данска. Нашиот најдобар судиски пар вечерва е делегиран да ја дели правдата на средбата од групата „Д“ меѓу репрезентациите на Египет и Шведска кој ќе се одигра во „Ројал Арена“ во Копенхаген.
Чешка судиска двојка ќе ја дели правдата на премиерниот меч на нашата селекција против Јапонија. ИХФ денеска ги делегираше Чесите Хорачек и Новотни како судии за нашиот прв меч на првенството. Вториот дуел во нашата група меѓу Исланд и Хрватска ќе го суди судиската двојка од Тунис, Буалоча и Хенизи, додека последниот дуел за вечерва во нашата група „Б“ меѓу Бахреин и Шпанија ќе го арбитрира аргентинската судиска двојка, Гриљо Лопез и Ленци.
Расел Вестбрук испиша нови страници во НБА историјата, откако синоќа на мечот со Сан Антонио на гостински терен оствари трипл-дабл со бројки кои ниту еден друг играч во историјата на лигата досега не успеал да ги забележи. Имено, Вестбрук во поразот на неговата екипа на гостувањето кај Спарс со 154-147 по две продолженија, постигна 24 поени, имаше исто толку (24) асистенции и дури 13 скока. Првпат во историјата на НБА лигата еден играч имал вакво остварување. Најблизу до овој резултат на Вестбрук беше Ајзеа Томас, кој во дресот на Детроит во 1985 година имаше по 24 поени и асистенции, но…
Аитор Каранка од денеска повеќе не е менаџер на англискиот второлигаш Нотингем Форест. Еден од главните кандидати за влез во Премиер лигата, немаше добар старт на сезоната, а Каранка сам побарал од менаџментот на клубот да ја завршат соработката. Неговото барање било прифатено, по што двете страни склучиле спогодбен раскин на соработката. До назначувањето на нов тренер, Нотингем Форест го постави Сајмон Аирленд за нов предводник на тимот. Каранка го предводеше англискиот тим од јануари 2018 година и имаше договор на 2,5 години. Под негово водство, Нотингем Форест оваа сезона се најде на седмо место во првенството, заостанувајќи зад водечкиот…
Селекторот на македонската репрезентација, Раул Гонзалез утрово ги одреди ракометарите со кои нашата репрезентација ќе нстапи на премиерата на Мундијалот, против селекцијата на Јапонија. На првиот настап на ова Светското првенство во Данска и Германија, Раул се одлучи да ги остави на страна пикерот на Металург, Милан Лазаревски и голманот на Стразбург, Златко Даскаловски. Во составот со кој ќе истрча Македонија денеска се: Борко Ристоски, Никола Митревски, Дејан Манасков, Филип Лазаров, Фили Талевски, Филип Кузмановски, Филип Чурлевски, Горан Крстевски, Мартин Серафимов, Кире Лазаров, Мартин Поповски, Гоце Георгиевки, Стојанче Стоилов, Жарко Пешевки, Велко Маркоски и Марио Танкоски. Дуелот со Јапонците го…
Норвешки Молде по секоја цена сака да си го врати тренер Оле Гунар Солскјер на крајот на сезоната во Премиер лигата. Ова го објави клупскиот директор Ојстен Нерланд. „Договорот е до 12 мај. Тоа е нашиот план А и нашиот план Б”, најави тој и додаде дека по секоја цена ќе работи младиот стратег да се врати во нивниот клуб за следната сезона. Познато е дека од норвешкиот клуб направија голем компромис и го пуштија експертот да замине во Јунајтед како позајмен до крајот на сезоната. Неговото претставување на чело на тимот до моментов е едноставно феноменално и тој има…
