Author: saso

ПСЖ нема намера да седи со скрстени раце по заминувањето на Рабио. На негово место во тимот веќе се бара заменик, а според француските весници има две имиња кои се во комбинација да се преселат во Париз. На листата на посакувани нови имиња кај парижани се Лоренцо Пелегрини (Рома) и Алан (Наполи). И со двајцата скаутите на ПСЖ се веќе во контакт и се бара начин како некој од нив (ако не и двајцата) да се преселат во Франција со стартот на новата сезона.

Read More

Челзи нема да го ослободи играчот од средниот ред Цеск Фабрегас се додека за него не најде адекватна замена. Ова е ставот на клупското раководство, по најавите дека Шпанецот е трансфер цел на француски Монако. 31-годишниот играч за врска ќе мора да почека малку со преселбата во Франција се додека лондонскиот клуб не најде замена за него. Претходно во медиумите беше објавено дека шпанскиот фудбалер веќе се согласил со условите од договорот со составот од кнежеството. Договорот со Фабрегас со Челзи е активен до крајот на оваа сезона.

Read More

Фудбалерот од средниот ред на Арсенал, Арон Ремзи ќе стане фудбалер на Јувентус по зaвршувањето на оваа сезона. Ова го најавија неколку од новинарите блиски до торинскиот клуб. Според информациите, велшкиот фудбалер веќе потпишал прелиминарен договор со „бјанконерите“, кој ќе стапи на сила во текот на летото. Актуелниот договор на Ремзи со Арсенал истекува во јуни, а од 1 јануари, тој има право да преговара за трансфер со други клубови. Претходно беше објавено дека и Јувентус се согласи со условите на договорот со Ремзи.

Read More

Јапонскиот ски-скокач Рају Кобајаши триумфираше и на скокалницата во Инсбрук запишувајќи ја третата победа на Новогодишната турнеја „4 Скокалници’. Откако ја потврди својата доминација со скокот од 136,5 метри во првата серија, Кобајаши замо го потврди првото место со летот од 131 метар во втората серија. Втор заврши Австриецот Штефан Крафт со 254.2 поени (129.5 и 130.5 метри), а третото место му припадна на Норвежанецот Андреас Стјернен со 242.7 освоени бодови. Следната дестинација е Бишофсхофен, по што и дефинитивно ќе биде познат распоред на најдобрите. За Кобајаши, се чини, прославата на првото место започна уште по денешниот триумф.

Read More

Португалскиот фудбалски гигант, Бенфика на својата официјална веб-страница го објави заминувањето на досегашниот тренер на тимот Руи Виториа. Португалскиот стратег беше отпуштен од функцијата поради незадоволителни резултати оваа сезона. Виториа ја предводеше Бенфика од 2015 година. Под негово водство, тимот ја освои титулата во сезоната 2015/16, а исто така станаа сопственици на супер купот 2016 година. По 15 круга од тековната сезона, Бенфика е на четвртото место со 32 бода. Пред популарните лисабоснки орли се Брага, Спортинг и лидерот Порто кој има предност од 7 бода пред Бенфика.

Read More

Екипата на спортското радио 90.3 фм на сите свои слушатели и деловни партнери, спортисти и спортски работници, им посакува многу среќа и успех во новата 2019 година. Спортот е она што не поврзуваше досега, спортот е оној кој ќе не поврзува и во новата година.

Read More

Ветеранот на голот на ПСЖ, Џанлуиџи Буфон, изјави дека разговарал со селекторот на Италија, Роберто Манчини, и го отфрлил неговото барање за  враќање во репрезентацијата. „Разговарав со Роберто Манчини, но му кажав да не смета на мене. Манчини го знае вистинскиот пат. Драго ми е што Џорџо Киелини ме наследи како капитен, бидејќи тој, како личност и играч, заслужува таква одговорност“, изјавил Буфон. Буфон најави дека ја завршува репрезентативната кариера, но во 2018 година играше за репрезентацијата во пријателски натпревар со Аргентина (0: 2).

Read More

Поранешниот фудбалер на Тотенхем и Манчестер Јунајтед, Теди Шерингем, вели дека доколку Манчестер Ј. навистина го посакува Почетино, Тотенхем нема начин да го за држи во своите редови. „Почетино прави сé што му треба на Тотенхем. Многумина ќе речат дека не освои ништо, но успеа целосно да ја промени ситуацијата во северен Лондон. Маурицио го испрати тимот на вистинскиот пат. Тој им помага на играчите да ги извлечат сите свои квалитети и тоа е она што се бара од тренерот“, вели Шерингем. „Ако Манчестер Јунајтед сака да го добие, а Маурицио сака да замине, не мислам дека Тотенхем ќе може…

Read More

Фудбалерот на Олимпик Марсеј, Флоријан Товен, би можел оваа зима да се пресели во англиската Премиер лига. Вестите од Англија велат дека за Товен сериозно е заинтересиран Челзи. „Сините“ веќе го имаат забележано името на 25-годишниот играч на листата на посакувани нови засилувања во јануари. Во исто време, Марсеј веројатно нема да сака да се раздели со него оваа зима, но ќе ја разгледа опцијата за продажба во јуни. Претходно беше објавено дека и Атлетико (М), Милан Интер и Баерн Минхен, исто така, се заинтересирани за Товен.

Read More

Повеќекратниот победник на Релито „Дакар“, Стефан Петерхансел ги сподели своите очекувања пред претстојното ново издание на популарното рели. „Дакар е само луда трка. Ние ја знаеме патеката многу добро, го познаваме нашиот автомобил, но скоро невозможно е да се предвиди што те чека на патот. Значи нашата главна цел е да завршиме. Лудо е да размислувате за победа. Досега 13 пати го завршив релито и се уште се прашувам како го направив тоа“, вели Петерхансел. Новото издание на релито „Дакар“ тргнува на 7 јануари.

Read More