Author: saso

Александар Јончевски ја презема улогата на тренер на екипата на Кожув. Тој доаѓа на местото на Павле Николов, кој и понатаму ќе биде дел од стручниот тим на гевгеличани, но како асистент. Јончевски долго време работеше како тренер во МЗТ Скопје, а покрај тимот од Аеродром го Јончевски долго време работеше како помошник на Марин Докузовски во редовите на Работнички, а претходно беше дел од тимот на Спартак Суботица.

Read More

Невеорјатниот Џејмс Харден стана само четвртиот кошаркар во последните две децении кој успеал во низа на пет последователни средби во регуларниот дел од НБА лигата да постигне најмалку 35 поени. На синоќешниот меч со екипата на Бостон, популарната „Брада“ стигна до нови 45 постигнати поени и го предводеше својот состав до нова победа на домашен терен. Тоа беше веќе шести меч за него на кој успева да ја пробие границата од 35 поени. Претходно, само Коби Брајант со Лос Анџелес Лејкерс имаше 13 такви средби по ред во сезоната 2002/03), Леброн Џејмс во Кливленд Кавалиерс 9 во сезоната 2005/06 и…

Read More

Играчот од средниот ред на Арсенал, Матео Гендузи, изјави дека во моментов го остварува еден од своите најголеми сонови, а тоа е да игра за Арсенал. Тој во пресрет на дербито со Ливерпул истакна дека „топчиите“ се подготвени да му го нанесат првиот пораз на лидерот. Гендузи дојде во Лондон минатото лето од францускиот второлигаш Лориен и успеа да се избори за место и во првиот тим на Арсенал под водство на Унаи Емери. 19-годишниот фудбалер одигра 11 меча за „топчиите“ и покажа одлична форма. „”Отсекогаш сакав да играм овде. Овој клуб беше во моето срце кога бев и во…

Read More

ПСЖ ќе го обнови договорот со легендарниот италијански голман Џанлуиџи Буфон. Буфон дојде во дресот на ПСЖ минатото лето како слободен агент и потпиша договор на 1+1 година. И покрај тоа што има речиси 41 година, поранешниот капитен на Јувентус продолжува да брани на највисоко ниво. Токму затоа, ПСЖ ќе ја искористи клаузулата во договорот и ќе му го продолжи автоматски уште 12 месеци. Веста се очекува да биде официјално објавена за неколку дена.

Read More

Пол Погба ќе биде клучен фудбалер за Манчестер Јунајтед во иднина, посочи привремениот менаџер Оле Гунар Солскјер по победата против Хадерсфилд. Францускиот фудбалер постигна два гола и го крена нивото на самодоверба, кое недостасуваше додека тимот беше под раководство на Жозе Мурињо. „Тој секогаш бил среќно момче. Секогаш имал широка насмевка, која станува уште поширока по постигнат гол. Како и секој, така и тој исто така се радува кога погодува. Најмногу радосен е фактот дека игра за Манчестер Јунајтед. Да, тоа е одговорност , но исто така ичест и привилегија. Јас поминувам време со фудбалерите и се обидувам да одвојам…

Read More

Аргентинскиот клуб Њувелс Олд Бојс на својата официјална веб-страница го објави враќањето на играчот од средниот ред, Макси Родригез . Деталите за условите на договорот со 37-годишниот фудбалер, аргентинскиот клуб не ги објави. Макси Родригез потекнува токму од овој клуб за кој играше уште во младинските денови. Во ЕВропа ќе остане запаметен по настапите за Еспањол, Атлетико Мадрид и Ливерпул. Последниот клуб на играчот од средниот ред беше уругвајски Пењарол, за кој играше во последната сезона.

Read More

Денеска во о.у. „Гоце Делчев“ во Тетово по 42. пат ќе се одржи меморијалниот одбојкарски турнир, „Бранко Хаџииљовски – Чајка“. На прес-конференција, организаторите и Агенцијата за млади и спорт, повикаа на голема посетеност на денешните финални борби за да се продолжи традицијата не една од најстарите спортски манифестации во нашата земја. „И оваа година, активно го поддржуваме овој турнир кој е насочен на промоција на одбојката и спортот во нашава земја. Можам да потврдам дека и понатаму активно ќе ги поддржуваме ваквите настани, но и сите останати кои се во организација на Одбојкарската федерација. Ги поканувам сите љубители на одбојката…

Read More

Раководството на Реал Сосиедад одлучи да го разреши Азие Гаритано од функцијата главен тренер, а на негово место експресно го назначи Иманол Алгуасил. Според официјалната веб-страница на шпанскиот клуб, договорот со новиот тренер е потпишан до крајот на оваа сезона, со можност за обновување до 2020 година. Одлуката за разрешување на Гаритано беше донесена по четвртиот пораз по ред во Ла Лига. „Иманол го познава Реал Сосиедад многу добро, има многу сила, се идентификува со клубот, има големи амбиции“, изјавил претседателот на клубот, Јокин Аперибеј.

Read More

Дербито помеѓу Интер и Наполи кое требаше да донесе радост и среќа за навивачите не само на Апенините, туку и низ целиот свет, синоќа помина во ужасни сцени на расни навреди од трибините, а мечот во неколкку наврати беше на работ на прекин. Навивачите на “нероазурите” не престанаа со навреди на расна основа кон ѕвездата на Наполи Калиду Кулибали, а лично тренерот на наполитанците Карло Анчелоти призна дека трипати побарал средбата да биде прекината поради овие грди скандирања од трибините на “Сан Сиро”. „На три пати побаравме натпреварот да биде запрен поради расистичките скандирања. Имаше известувања од спикерот, но тие…

Read More

Барселона веќе се пофали со првото ново засилување во јануари. Според информациите од Шпанија, Барселона се договорила со ПСЖ да го откупи договорот на младиот Адриен Рабио, кој ќе се пресели во редовите на каталонците. Французите за да не го пуштат да си замине без отштета во јуни, решија да го продадат за 5 милиони евра, колку што Барса се согласила да плати за него. Рабио шестпати одби да го продолжи договорот со ПСЖ и покрај тоа што од клубот се обидуваа да му дадат добра финансиска понуда. Во Барселона, фудбалерот ќе добие 10 милиони евра по сезона, а тој…

Read More