Пол Погба ќе биде клучен фудбалер за Манчестер Јунајтед во иднина, посочи привремениот менаџер Оле Гунар Солскјер по победата против Хадерсфилд.
Францускиот фудбалер постигна два гола и го крена нивото на самодоверба, кое недостасуваше додека тимот беше под раководство на Жозе Мурињо.
„Тој секогаш бил среќно момче. Секогаш имал широка насмевка, која станува уште поширока по постигнат гол. Како и секој, така и тој исто така се радува кога погодува. Најмногу радосен е фактот дека игра за Манчестер Јунајтед. Да, тоа е одговорност , но исто така ичест и привилегија. Јас поминувам време со фудбалерите и се обидувам да одвојам доволно внимание за секој од нив. Тој е иднината на овој клуб“, изјавил Солскјер.

