Author: saso

Фудбалерот на Арсенал, Арон Рамзи, ќе ја продолжи својата кариера во Интер, тврдат италијанските медиуми. Според информациите, оваа недела италијанскиот клуб постигнал договор со агентот на 27-годишниот велшки фудбалер. Рамзи ќе се пресели во Интер како слободен агент следното лето. Претходно стана познато дека Рамзи нема да го продолжи договорот со Арсенал, кој ќе истече во текот на летото.

Read More

Ватфорд на својата официјална веб-страница го објави раскинувањето на договорот со дефанзивецот Јунес Кабул . „Сите во Ватфорд му посакуваат на Јунес се најдобро во иднина и му се заблагодаруваат за посветеноста кон клубот и навивачите“, стои во соопштението. 32-годишниот француски фудбалер и англискиот клуб го прекинаа договорот со заедничка согласност. Кабул, поради постојани повреди, не успева да се избори за место во тимот подолго време.

Read More

Играчот од средниот ред на Наполи, Алан, може да ја продолжи кариерата во француското првенство и тоа како нов фудбалер на екипата на ПСЖ. Извори од клубот тврдат дека управата на францускиот шампион е заинтереирана за услугите на 27-годишниот Бразилец. Алан би требал да биде замената за Адриен Рабио, кој ќе го напушти ПСЖ ова лето. „Светците“ нема да се штедат, па ќе се обидат со понудат до 50 милиони евра да добијат согласност од Наполи за трансфер на фудбалерот.

Read More

Манчестер Јунајтед утрово го именуваше поранешниот играч Оле Гунар Солскјаер како наследник на Жозе Мурињо на кормилото на „Црвените ѓаволи“. Норвежанецот ќе го предводи тимот до завршувањето на тековната сезона. Солскјаер помина 11 сезони на „Олд Трафорд“, постигнувајќи го победничкиот гол во финалето на Лигата на шампионите во 1999 година. 45-годишниот играч го презема Јунајтед од 6. место на табелата во Премиер лигата и целта пред него е да успее да го однесе меѓу четирите најдобри на крајот на сезоната.

Read More

Челзи подготвува понуда во вредност од 70 милиони фунти за фудбалерот на Реал Мадрид, Иско. Според информациите, лондонскиот клуб се надева дека може да ја добие борбата со конкурентите за потписот на 26-годишниот фудбалер со личните услови кои ќе му ги понуди. Челзи е подготвен да понуди плата од 250 илјади долари неделно што може да биде сериозен проблем за останатите заинтересирани клубови. Исто така, Челзи сакаат да му понудат договор на 4,5 години. Иско ја изгуби трката со конкурентите за место во првиот тим на Реал Мадрид по доаѓањето на Сантијаго Солари.

Read More

Мегаѕвездата на светскиот фудбал, Златан Ибрахимовиќ, останува во професионалниот фудбал, откако потпиша нов договор со ЛА Галакси и ќе продолжи да игра во американската МЛС лига. Швеѓанецот не успеа да се договори за финансиските параметри околу преминувањето во Милан и одлучи да остане во САД, каде веќе стана икона и меѓу навивачите на овој дел од светот. Еден од условите да продолжи во ЛА Галакси бил и раководството да се активира и да ги донесе потребните играчи, за тимот да се бори за освојување на титулата во лигата. „Среќни сме што го задржаве Златан, што значи дека ќе биде со…

Read More

Напаѓачот на Борусија Дортмунд, Пако Алкасер, постави нов рекорд во Бундеслигата. Шпанецот веќе има 10 гола откако во игра влегува од клупата за резерви. Последниот погодок за Алкасер дојде при поразот од Фортуна Дизелдорф синоќа. Пако Алкасер влезе како резерва во 61-та минута, а во 81-та постигна гол за 1:2, со што само го ублажи поразот на својата екипа. Шпанецот стана првиот играч кој постигна толку многу голови од клупата во една сезона во Бундеслигата. Инаку, досега Алкасер има вкупно 12 голови во Бундес друштвото оваа сезона.

Read More

Претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис, проговори за иднината на дефанзивецот Калиду Кулибали, кој е мета на најголемите европски гиганти. Според претседателот на наполитанците, Кулибали е врвен фудбалер и за него некој треба да плати добро за да го купи. „Ние сме способни да развиеме играчи на највисоко ниво и да ги задржиме во клубот. Кога ќе понудат 95 милиони фунти за централен дефанзивец – сума што никогаш не му била дадена на играч од оваа позиција, тоа значи дека станува збор за врвен играч“, вели Де Лаурентис. Претходно беше објавено дека Манчестер Јунајтед ќе се обиде да го купи…

Read More

Тренерот на Борусија Дортмунд, Лусиен Фавре призна дека бил изненаден од силното претставување на Фортуна Дизелдорф, која успеа да им го нанесе првиот пораз на рурците во првенството оваа сезона. Швајцарскиот стратег стана првиот тренер во историјата на “жолто-црните”, кој започна дадена сезона без пораз во првите 15 круга. „Тие одиграа фантастично а контранапад, и се гледа дека тоа долго време го планирале. Игравме многу длабоко во својата половина, и ние не успеавме да најдеме слободен простор. Во второто полувреме заигравме подобро, но примивме втор гол”, изјави Фавре.

Read More

Македонската кошаркарска федерација в понеделник ќе ги врачи наградите за најуспешните во изминатава година. По завршениот избор, наместо еден, ќе има две награди за најдобар кошаркар и тие ќе одат во рацете на Војдан стојановски и Бојан Трајковски. Најдобра македонска кошаркарка за 2018 година е Анџелика Митрашиновиќ, најдобра машка екипа за 2018 година (сениорски лиги) – Работнички, додека за најдобра женска екипа за 2018 година (сениорски лиги) – Бадел 1862. Најдобра машка екипа за 2018 година (младински лиги) Работнички Најдобра женска екипа за 2018 година (младински лиги) Струга 2009 Најдобра млада репрезентативна екипа М16 мажи Најдобар тренер за 2018 година…

Read More