Фудбалерот на Арсенал, Арон Рамзи, ќе ја продолжи својата кариера во Интер, тврдат италијанските медиуми.
Според информациите, оваа недела италијанскиот клуб постигнал договор со агентот на 27-годишниот велшки фудбалер. Рамзи ќе се пресели во Интер како слободен агент следното лето.
Претходно стана познато дека Рамзи нема да го продолжи договорот со Арсенал, кој ќе истече во текот на летото.